Оваа особина ја имаат сите милионери кои почнале „од нула“

Откако ги проучуваше животите на неколку стотици богати и сиромашни луѓе, авторот Том Корли заклучи дека има една особина која ја поседуваат сите милионери кои почнале од нула.

Истражувачите открија дека негативниот поглед на ситуацијата во која луѓето се наоѓаат, како и општо животот, доведува до некоја врста на исклучување на третина од мозокот, пренесува Business Insider.
Том Корли наведува сличен феномен како главната причина за успех кај богатите луѓе.
„Оваа особина ја нарекувам ‘позитивен ментален поглед’, а таа им овозможува на луѓето да користат 100% од нивниот мозок“, рече Корли.
Со негативниот поглед, делот од мозокот наречен префронтален кортекс не функционира како што треба, така што човекот почнува да се наслонува на користење на таканаречениот „рептилски мозок“ и мозочното стебло – еволутивно најстариот дел од мозокот, кои не тераат да реагираме импулсивно.
Од друга страна, позитивниот ментален поглед на ситуацијата поттикнува упорност, трпение, отпорност и концентрација, односно сите особини кои претставуваат предуслов за успех. Најдобрата работа околу сето ова е дека позитивниот ментален поглед ќе ве натера и да ги развиете сите овие особини.
Тоа дополнително го потврдува фактот дека многу од милионерите не биле ни свесни дека ги поседуваат овие особини, сѐ додека активно не почнале да работат на своите цели.