Многу обврски, малку време – Дејствувај…

Секојдневно имаме обврски кои треба да ги извршуваме. Без разлика дали е за на работа или за дома. Многу често листата на обврски се зголемува, а се помалку време ни останува за да ги завршиме. Зошто е тоа така? Што е она што ни ја отежнува секојдневната работа?
Related imageВо продолжение прочитајте како да ја подобрите вашата реализација и ефикасност за извршување на секојдневните обврски:

Related imageДејствување без план

Најбитно од се е да направите план. Почнете така што ќе направите план за цела недела. Одберете го Петок, седнете запишете ги вашите обврски кои треба да ги завршите, направете распоред за цела недела, а Понеделник ставете го како ден кој ќе ви служи за реализација на вашите најтешки задачи.
Од кога ќе го направите планот, 10 % од предвиденото време претворете го во слободно време. Затоа што некои од вашите обврски ќе ви одземат повеќе време од она кое сте го запишале, може да бидете прекинати додека работите нешто, и ред други непредвидливи работи. Затоа е паметно да не го планирате вашето време до минута, затоа што голема е веројатноста дека брзо би се откажале.
Разгледајте ги запишаните обврски еден ден пред да треба да ги извршите. Затоа што не сме роботи може да излезе непредвидлива обврска која ќе има поголем приоритет, па затоа е добро да разгледате што имате планирано за наредниот ден и доколку има измени да ги организирате подобро.

Image result for checklist distractedЛесно станувате расеани

Додека ја извршувате вашата задача трена да бидете концентрирани само на нејзина реализација. Затоа лимитирајте го времето кое го поминувате по социјалните мрежи, исклучете го телефонот. Оние неколку минути преку кои скролате во празниот простор на интернетот кога ќе ги сумирате се претвораат во драгоцено загубено време. Исто така достапноста во секое време за секого може да има негативен ефект врз самите вас.
Затоа е многу битно да се ослободите од сите работи кои ве одвлекуваат од реализација на вашата цел.
Кога работите на реализација на вашите обврски, паметно да се исклучите од светот за ефективно и ефикасно за да ја завршите. Исклучете го телефонот, доколку не можете да издржите без социјални мрежи, спуштете една од оние апликации кои го лимитираат вашето време за користење на телефонот или социјалните мрежи (Stay on Task ) и ќе ја осетите разликата.

Related imageУпорност

Нормално, за да може да ги примените горенаведените точки мора да бидете упорни. Дури и најмалата промена е позитивен чекор за Вас. На почеток ќе ви биде малку потешко, но не се откажувајте. Ништо не се постигрнува преку ноќ. Испринтајте го овој текст и чувајте го до Вас доколку мислите дека ќе ви биде коректор во моментите кога сакате да се откажете.
Не губите ништо доколку ги следите горенаведените точки, а во најлошо сценарио вашата ефикасност при реализација на вашите обврски ќе се зголеми за 30%.
Затоа бидете упорни, не се откажувајте и резултатите ќе си дојдат сами!!!