Добитникот на нобеловата награда за мир Мухамед Јунус го открива клучот до среќата

Кога добитникот на Нобеловата награда за мир Мухамед Јунус се качи на сцената на Вториот годишен Форбс 400 самит за филантропија во Њујорк, тој опиша дека е преплавен со чувства од тој момент. Мухамед, кој потекнува од сиромашно семејство од Бангладеш, никогаш не очекувал дека ќе биде во истата просторија со Варен Буфе, Бил Гејтс, Боно и други најбогати луѓе на светот. 
Но, токму тој беше таму – да ја прими Форбс 400 награда за животно дело за социјално претприемништво. Јунус ја покажа неговата скромност со неговиот говор и со неговото искажување на благодарност за добивањето на наградата. Човекот кој нуди кредити за сиромашни лица без какво и да е финансиско обезбедување, не ја пропушти можноста да испрати нежна, но кристално јасна порака до најбогатите луѓе на светот.
„Правењето пари е среќа. А тоа е огромен мотив“, изјави тој. „Правењето на другите луѓе среќни е супер-среќа“, додаде тој.
Јунус ја создал Грамен банката и создал концепт за позајмување на пари на сиромашни лица, односно сиромашни жени токму во период кога никој не сакал да им даде кредит.
„Им позајмував пари на сиромашни жени. Им давав 30 долари. И кога жената ќе ги земеше парите, таа започнуваше да се треси. Не само што таа не можеше да си поверува дека во нејзината рака држи толку многу пари, туку и таа немаше видено толкава сума на пари никогаш во нејзиниот живот. Таа сметаше дека ако некој и дал толку многу пари, таа ќе го даде својот живот за да ја задржи таа доверба“, додаде тој.