Начинот на кој возите кажува за вашиот карактер

Начинот на кој возите го покажува вашиот карактер. Ако сте во автомобил со колега, соработник или клиент, од неговото однесување зад воланот можете да видите како се однесува на работното место.
    • Џефри Џејмс за Inc опишува неколку типови возачи и како истите се однесуваат на работа:

– СТОП –

На возачите кои не застануваат на знакот “стоп”, не може да им се верува кога се во прашања деталите. Тие сакаат да “заобиколуваат”, како на улица, така и на работното место.

Related image

– ВУЛГАРНОСТ –

Луѓето што чуствуваат потреба вулгарно да се однесуваат кон другите возачи обично се фруструрани и по малку кукавици. На работа од нив може да очекувате сопки и озборување.

– СВИРЕЊЕ –

Луѓето што свират подолго од што е потребно, наместо само кратко да предупредат, на пример ако возачот пред нив не видел дека се запалило зелено светло на семафорот, претеруваат и кога се во прашање критиките. Или премногу критикуваат или се пресензитивни кога ги критикуваат.

– БРЗО ВОЗЕЊЕ –

Луѓето што возат побрзо од дозволеното не се грижат за другите и мислат дека правилата не важат за нив. На работа се непријатни и луѓето покрај нив не се чуствуваат убаво.