Најдобрите 5 бесплатни претприемачки онлајн курсеви

Сосема спокојно можеме да кажеме дека како претприемачи, ако не стекнуваме нови знаења и не ги надоградуваме веќе постоечките, лесно може да не успееме.
Image result for startup online coursesСветот се менува секој ден, а светот на бизнисот уште побрзо. Дефинитивно треба да поседуваме актуелни знаења, за да развиваме конкурентни, успешни и профитабилни бизниси.
Имајќи ја во предвид потребата од постојано усовршување која секој од нас ја има, во оваа статија ќе ви дадеме 5 бесплатни претприемачки онлајн курсеви.

51

 Scaling up your venture without screwing up

Курсот од Stanford вклучува голем број интервјуа со најуспешните претприемачи во Силиконската долина. Темата на курсот е раст на бизнисот – како да ангажирате вработени, да работите со нови клиенти, да откривате нови локации, да го зумирате обемот на работа без да направите фатални грешки на патот.
– ЛИНК ДО КУРСОТ
finance

Finance and Capital Markets

Постојат многу добри курсеви за финансии во Coursera, но го избравме овој во Khan Academy. Вклучува одделни видеа за финансии, макроекономија и инвестиции. Како работат банките и кои се изворите на финансирање за нашиот бизнис.
– ЛИНК ДО КУРСОТ
coursera-logo

Design Thinking for Business Innovation

 Овој курс дава поглед на Design Thinking моделот и неговата примена во бизнис средината. Видете еден поинаков начин за решавање на проблеми преку процесот кој успешно го користат Apple и IDEO.
– ЛИНК ДО КУРСОТ
minimum-viable-product

Minimum viable product: Validate your startup idea for less than $1,000

MVP (Minimum Viable Product) е техника која се користи за валидација на пазарот на одреден производ или услуга, добивање на повратни информации и развој во почетна старт-ап фаза. Во овој курс, основачот на SkillShare споделува детално што е MVP, како да го создадеме и тестираме правилно.
– ЛИНК ДО КУРСОТ
entrepreneurship-101

Entrepreneurship 101: Who is your customer?

Ова е еден од најдобрите онлајн старт-aп курсеви. Обезбедуван од MIT и неговата идеја е да ви даде идеја за тоа како да го дефинирате клиент сегментот и да го видите светот преку очите на своите клиенти – Што навистина барате од луѓето кои ќе го купат вашиот производ?
Курсот е составен претежно од студии и интервјуа со успешни и неуспешни старт-ап претприемачи кои ја даваат својата гледна точка за разбирање на вашиот клиент.
– ЛИНК ДО КУРСОТ