Најдобрите совети од најмоќните деловни жени во 2017

Дамите што влегоа на листата со топ-50 деловни жени за 2017 година знаат што е потребно за успешна кариера. До директорските места стигнале постепено, чекор по чекор, а имаат и совети за жените што би сакале да ги следат нивните стапки.
– Сузан Војчицкиизвршна директорка, „Јутјуб“, „Гугл/Алфабет“:
„Изразете се. Не плашете се и не притеснувајте се да го кажете она што го имате на ум и да замолите за она што сакате да го добиете.“
– Кети Енгелбертизвршна директорка, „Делоит“:
„Подигнете рака, преземете ризик не плашејќи се од неуспех – тоа е една од најголемите препреки на патот кон успехот.“
– Мери Бараизвршна директорка, „Џенерал моторс“:
„Не прекинувајте ги своите деловни врски пребрзо и прерано. Не оддалечувајте се од својата кариера само затоа што сметате дека нешто ќе се случи или нема да се случи.“
– Шерил Сандбергглавна оперативна директорка, „Фејсбук“:
„Секогаш прифаќајте нови предизвици – дури и кога нема да бидете сигурни дека сте целосно подготвени.“
– Џини Рометиизвршна директорка, Ај-би-ем:
„Бидете подготвени да ја уочите шансата за напредок и развој кога ќе се појави – затоа што тоа е клучна можност за учење. Ќе го знаете тоа затоа што ќе се почувствувате непријатно, а вашиот иницијален импулс може да биде дека не сте подготвени за тоа. Но запаметете: Напредокот и комфорот никогаш не одат заедно.“
– Рут Поратдиректорка за финансии, „Гугл/Алфабет“:
„Бидете сигурни дека работите за некој сигурен човек кој има волја да ризикува со вас, да ви дава флексибилни можности и кој е тука за да ве поддржи кога работите ќе тргнат наопаку. И направете го истото за луѓето од вашиот тим.“
– Џудит Мекенаоперативна директорка, „Волмарт Ју-Ес“:
„Никогаш не плашете се да вработите луѓе што се попаметни од вас и никогаш не плашете се да примите луѓе што се поинакви од вас. Тоа е нешто што тешко се спроведува, но е клучно ако сакате да создадете тим за сериозни резултати.“
– Мариен Лекдиректорка за финансии, „Џи Пи Морган кејс“:
„Вие сте онолку добри колку што е добар тимот што сте го направиле, затоа бидете магнет за таленти и опкружете се со најдобрите и најбистрите.“
– Ејми Худдиректорка за финансии, „Мајкрософт“:
„Нема да имате исти планови за неколку години, споредено со денешните. Животот и приоритетите се менуваат, па така ќе се менуваат и вашите избори.“