Десет најиновативни компании во 2016

Консултантската групација Boston Consulting Group (BCG) направи анализа и листа на најиновативните компании во 2016 година.
Технолошките компании доминираат на оваа листа, па во десетте од вкупно 50 компании влегуваат: Apple , Google, Tesla, Microsoft, Amazon, Netflix, Samsung, Toyota, Facebook и IBM.
На листата во 2016 година се најдоа и Uber (17), Airbnb (21), Under Armour (22), Regeneron (24), SpaceX (34), Orange (44) и Bristol – Myers Squibb (47).
Најголем скок од 19 позиции забележа Facebook, а потоа следат: Dupont, Pfizer, Netflix, JP Morgan Chase и Nike.
Технолошките гиганти долги години ги држат челните позиции на листата, а се приклучуваат и новите дигитални компании како Uber и Airbnb, што јасно покажува дека е проширена улогата на дигиталните иновации и на некои традиционални производители како што се General Eletric и Daimler“, стои во соопштението на BCG.
Оттаму забележуваат дека нивната 11 по ред глобална анкета за состојбата со иновациите покажува дека најиновативните компании научија како да создадат сосема нов бизнис модел што обезбедува поголем и побрз развој од конкуренцијата.