Мудри цитати на големиот Наполеон Бонапарта

На 15 август 1769 во Ајачо, на островот Корзика, роден е големиот император Наполеон Бонапарт, како второ дете (од вкупно осум) на Шарл Бонапартa и Летиција Рамолино Бонапартa.

Наполеон Бонапарта – француски император и голем реформатор. Се смета за еден од најголемите воени гении на 19 век. Како прв конзул и император побарал од сите писатели, уметници и артисти да ги опејуваат и раскажуваат неговите победи. А како најголем спомен за неговите победи е изградбата на Триумфалната капија во Париз.
Мудри мисли и изреки искажани од Бонапрата останале да сведочат за неговата генијалност:
Image result for napoleon icon„Никогаш не го прекинувај непријателот кога прави грешка“
Image result for napoleon icon
„Лидерот е трговец со надеж“
Image result for napoleon icon„Човекот се бори посилно за своите интереси отколку за своите права“
Image result for napoleon icon
„Сликата вреди илјада зборови“
Image result for napoleon icon
„Способноста е ништо без можноста“
Image result for napoleon icon
„Храброста е како љубовта, мора да постои надеж за таа да се потхранува“
Image result for napoleon icon
„Оној кој знае да ласка, знае и да клевети“
Image result for napoleon icon
„Ако сакаш некоја работа да биде добро направена, сработи ја сам“
Image result for napoleon icon
„Имагинацијата владее со светот“
Image result for napoleon icon
„Во политиката глупавоста не е хендикеп“
Image result for napoleon icon
„Најсигурниот начин да останеш сиромашен е да бидеш чесен“
Image result for napoleon icon
„Фрли ги твоите грижи заедно со алиштата кои ги соблекуваш навечер“
Image result for napoleon icon
„Религијата е она што ги спречува сиромашните да ги убијат богатите“
Image result for napoleon icon
„Ништо не е потешко, а истовремено и поскапоцено од тоа да можеш да одлучуваш“
Image result for napoleon icon
„Победата им припаѓа на најупорните“