Навики на успешните луѓе

Сите посакуваме да постои водич за успех, но не постои. Меѓутоа, постои еден вид на замена:  Листа со начини како да ги реализирате своите соништа. Нели би било супер, ако успехот беше едноставен процес? Да, но не е.

Related image

Не постои еден рецепт кој важи за сите луѓе и за сите аспекти од животот.
Но, еве една листа со навики на некои од најуспешните луѓе. Можеби и вие ќе се пронајдете па ќе добиете мала помош.
Станувајте многу рано
Звучи страшно, но размислете како би било наместо да седите до доцна (односно до рано изутрина) и да гледате филмови кои ништо нема да ви сменат во животот, да си легнете порано, па да се разбудите рано и да бидете СУПЕР продуктивни?
Станувањето пред другите ќе ви овозможи да поработите на планирањето на денот, а што е најважно денот ќе ви трае неколку часа подолго.
Земете го за пример Пол Дежо кој станува во 4 часот наутро, за максимална продуктивност.
„Порано ми недостигаше време кога ќе нема притисоци и очекувања. Од истата причина почувствував дека сум најкреативен во саботните утра и во авион, околу 4 часот изутрина. Па така утрата станаа место за мојот продуктивен мир. Денес не ми треба одмор, ниту пауза, само неколку часа пред да станат другите.
Па нели „кој рано рано две среќи граби“
Одржувајте ги ветувањата без разлика колку се мали
Успехот зависи од довербата, Без разлика дали е тоа довербата на купувачите, на работодавците на партнерот. Ако кажете дека ќе сторите нешто, сторете го!

Научете како да раскажувате приказни
Сакате да бидете успешни во животот, но немате работа, или барате нова. Првиот чекор е  да научите како да раскажувате, почнувајќи од интервјуто.
Големите компании знаат дека раскажувањето на приказни е тајното оружје во создавањето бренд. Зошто? Бидејќи луѓето не се заљубиваат во податоци и научни студии, тие се привлечени од емоции.
Немојте да се плашите или да се срамите од своите неуспеси
Џејмс Дајсон, креаторот на познатиот „ Дајсон вакум“ не се плаши од неуспехот, всушност тој го почитува.
„Направив 5 127 прототипи на мојот вакум пред да го добијам вистинскиот. Тоа се 5 126 неуспеси. Но, научив по нешто од секој. Така најдов решение. Па, можам да кажам дека не се плашам од неуспесите. Секогаш сум сметал дека децата на училиште треба да бидат оценувани според бројот на неуспеси. Детето кое се обидува да направи чудни работи и доживува многу неуспеси за да ја оставри својата цел, најверојатно е покреативно од другите.“
Значи не плашете се од неуспеси. Обидувајте се се додека не бидете задоволно со работата или личниот живот.
Поставувајте многу прашања
Секој сегмент од одреден проект, производ, однос треба детално да биде разгледан и ништо не смее да остане нејасно. Од време на време застанете и поставувајте прашања.
Бидете искрени- со себе и со другите
Кога поставувате прашања, прашајте се и дали го сакте она што го работите, дали сакате да бидете во врската во која сте, дали сте задоволни со животот кој го имате. Внимавајте да бидете целосно искрени. Тоа е клучот за успехот.
Одморете
Понекогаш колку и да работите и да се трудите сепак не постигнувате голем напредок. Кога сте емоционално, психички, па и физички исцрпени направете пауза и одморете. Понекогаш само неколку дена одмор можат да направат чуда.

Пишувајте белешки и останете организирани
Можеби ви звучи смешно и непотребно, но кога пишувате белешки му помагате на мзоокот да остане организиран.