Победник на натпревар во неработење

Студент од Хонгконг Чан Кај-хо е победник на натпревар во неработење, одржан во Тајпеј.

Необичното натпреварување било одржано во централниот дел на градскиот парк.
Учесниците морале 90 минути да седат на едно место не правејќи апсолутно ништо, пренесува кинескиот магазин South China Morning Post.
Чан како награда добил авионска карта за следно натпреварување, кое во февруари ќе се одржи во Хонгконг или Јапонија.
„Да бидам искрен, прилично е заморно, но мислам дека станува збор за добра навика“, изјави победникот.
Организаторите им го мереле пулсот на учесниците и воделе сметка некој да не заспие.
Првото натпреварување од овој вид било одржано во 2014 година во Јужна Кореа, со цел да ги охрабри луѓето повеќе да одмараат, без шетање по продавници или користење мобилни телефони.