Луѓе кои докажале дека никогаш не е доцна за успех

Некои од најуспешните луѓе во светот морале да почекаат неколку децении за да бидат забележани.

Related image

1. Џун Сквиб имала 84 години кога за прв пат била номинирана за Златен Глобус.
Иако Џун глум уште од 1950-те години, ѕвездата од „Nebraska“ не била целосно забележана сe’ до 1990 година, кога успеала да ја добие улогата на Хилда во Филмот на Вуди Ален „Alice“ (тогаш имала 61 година). После неколку телевизиски шоуа и филмови, таа конечно ја доби улогата на Кејт Грант во „Nebraska“, улога што и’ донесе Златен Глобус на 84 години.

2. Питер Роџет не го измислил Речникот се’ до неговата 75 година.
Ја знаете онаа книга во која ѕиркате секој пат кога не ви е јасен некој збор? Таа книга не постоела се’ до 1852 година. Всушност, немало да постои воопшто, бидејќи Питер Роџет имал 75 години кога одлучил дека колекцијата до синоними може да биде од голема помош за луѓето.
3. Френк МекКорт не започнал да пишува професионално се’ до 65 година.
Било кој човек што ќе ги преживее хорорите кои ги преживеал Френк МекКорт, заслужува некое признание, кое Френк го добил во 1997 година кога неговата книга „Angela’s Ashes“ освои Пулицерова награда. Иако ирскиот автор предавал на неколку институти, тој никогаш не навлегол во пишувањето.
4. Лаура Ингалс Вајлдер ја објавила нејзината прва книга на 64 години.
Во напор да ги зголеми приходите, Лаура објавила книга од нејзините рани денови наречена „Little house in the big woods“. Иако се очекувало книгата да не успее, стана огромен успех и ја инспирира авторката да ги прошири сериите.

5. Колонел Сандерс не го отвори Kentucky Fried Chicken се’ до 62 година.
Пред да го отвори синџирот „Kentucky fried chicken“, Сандерс продавал гуми за Мишелин. Во 1930 година, компанијата „Shell oil“ на Сандерс му дала место во Кентаки каде што тој го усовршил неговиот рецепт за пилешко. Дури во 1959 година тој го отворил KFC во Шелбивил, со што станал милионер на 69 години.
6. Ален Рикман ја добил првата улога во филм на 46 години.
Ален Рикман, му се придружил на светот на филмот после неговиот 40-ти роденден. После експериментирањето со неколку театарски групи, Рикман станал дел од компанијата „Royal Shakespeare“, со што добил улога во „Les Liaisons Dangereuse“. Подоцна, на 55 години, ја добил улогата во „Harry Potter“.
7. Стен Ли го создал Спајдермен на 40 години.
После години работење во продавница за стрипови и издавачки куќи, Стен Ли ја револуционизирал индустријата на стриповите со создавањето на Спајдермен, херојот со способност да испушта мрежа од неговите зглобови. Тој го објавил првиот стрип за Спајдермен во 1962 година, кога имал 40 години.