Интересни факти за Никола Тесла

Тесла, „Модерниот Прометеј“, „Господарот на светот“, „Волшебникот кој го осветли светот“, генијот или лудиот научник, чиста манифестација на врвната интелигенција и уште како ли не го нарекуваат овој човек, за кого не постои соодветен збор, ниту комбинација од зборови со кој би ја опишал неговата големина и возвишеност. 

-Неговиот број бил 3 или делив со 3.
-Имаше 3 тетки од страната на татко му. Имаше и 3 тетки од страната на мајка му и сите беа мажени за православни свештеници. Имаше и 3 сестри, Анѓелина, Милка и Марица. Сите 3 исто така се омажија за православни свештеници.
-Прележа 3 тешки болести.
-И двајцата дедовци му се викаа Никола.
-Беше многу срамежлив и велеше дека подбро ќе се соочи со лав отколку со некои градски мангупи.
-Ако некојажена во неговото присуство носеше бисери за време на вечерата, тој не можеше да јаде. Воопшто не поднесуваше мазни и округли површини. Му требаше долго време да се навикне на билијардските топки (били).
-Додека седеше пред една кафана со еден свој пријател, наиде една прекрасна и убаво облечена млада жена со модерно исчешлана црвена коса. Тесла веднаш ја препозна Сара Бернар, славната француска глумица. Додека боженствената Сара поминуваше покрај него и падна мало чипкено марамче. Тесла ја фати и држејќи го шеширот во другата рака се поклони и го подаде на преубавата глумица велејќи, Госпоѓице вашето марамче. И не погледнувајќи ни за момент во нејзиното убаво лице, се врати на своето место и го продолжи разговорот со својот пријател.
-Во светот на филмот постои награда во чест на неговото име-Nicola Tesla Award in Recognition for Visionary Achievements in the World of Digital Technology and Sound.
-Во Америка постои хард рок бенд Тесла.
-Постои небеско тело(астероид), со име 2244Тесла.
-Во близина на Нијагарините водопади во Канада во 2006 година е подигнат споменик на Никола Тесла.