Цитати за животот од Нил Гејман

Писателите на научно-фантастични книги изгледа дека најдобро ја разбираат човечката природа. Можеби затоа што ја задржале способноста во сè да гледаат чуда. Еден од таквите неверојатни автори е англискиот писател Нил Гејман, кој пишува за деца и возрасни. Тој е автор на книгите „Океан на крај на патот“, „Американски богови“ и други книги.

Овие цитати се собрани од негови различни книги:
1. „Најбрзиот начин понекогаш е најдолгиот“.
2. „Идеите се потешки за убивање од луѓето, но на крајот, и тие можат да бидат убиени“.
3. „Луѓето веруваат дека ќе бидат среќни ако одат да живеат на друго место, но тоа не функционира така. Каде и да одите, се водите и себе си со вас“.
4. „Понекогаш најдобриот начин да научите нешто е да згрешите и да погледнете што сте направиле“.
5.„Животот секогаш ќе биде почуден од фикцијата, бидејќи фикцијата мора да биде уверлива, а животот не мора“.
6. „Фантазијата е мускул, ако не ја вежбате ќе атрофира“.
7. „Возрасните следат шеми. Децата истражуваат“.
8. „Кратките приказни се мали прозорци за други светови и во други умови и соништа. Тоа се патувања што може да ги правите до најдалечната страна на универзумот и сепак на време да се вратите на вечера“.
9. „Наједноставниот начин за да се осигураме дека нашите деца ќе пораснат писмени е да ги научиме да читаат и да им покажеме дека читањето претставува задоволство“.
10. „Постојат многу работи тешки за простување, но ден еден ќе се завртите и ќе сфатите дека повеќе немате семејство“.