Сакате нов животен план? Сега е моментот

Ако некогаш се почувствуваш дека се наоѓаш на раскрсница, несигурен по кој пат да тргнеш, знај дека не си единствен. Многу луѓе се соочуваат со овој проблем секојдневно во овој динамичен свет.
Никој не ужива кога се чувствува изгубен во својот живот, но тоа се случува цело време.
Image result for life planПланирањето на твојата иднина е еден ефективен метод за справување со чувството на изгубеност и збунетост кога станува збор за иднината. Планирањето е како мапа за твојот живот. Многу е помала веројатноста да се изгубиш кога ќе имаш детална мапа. Одличен почеток би бил план за следните 12 месеци.
Многу работи можат да се случат од денес до точно одреден ден од следната година. Но, со мапа за иднината во раката, ќе имаш многу појасна патека за животот кој сакаш да го доживееш.
– Сега е твоето време да направиш план за твојата иднината –

Related imageРаботи кои треба да ги направиш:

  • Дај им приоритет на поголемите, поважни планови во првите редови на твојот план. Зголемувајќи ја нивната видливост, така што нема да заборавиш на нив. Помалку важните планови можат да останат во позадина се додека не се заврши со поголемите планови.
  • Биди конкретен во однос на твоите планови и цели. Колку се појасни, толку е подобро. Појасните цели, полесно и се постигнуваат бидејќи нема многу простор за забуна во нивното реализирање. Ако точно знаеш што треба да се направи, со сигурност може да ги преземеш потребните чекори за да ја завршиш целта.
  • Потенцирај! Не плаши се да излезеш од твојата комфорна зона кога правиш планови. Со поместување на границите, ќе се отвориш себе си за нови можности, кои нема да ти излезат на патот доколку останеш во својата комфорна зона.
  • Обрни внимание на своите средства. Можеби имаш основни средства за да започнеш, но сигурно ќе ти бидат потребни дополнителни нови средства. Како ќе се адаптираш на новите препреки?
 “Се што ви треба е план, патоказ, и храброст за да стигнете до вашата дестинација “ Earl Nightingale
Image result for what to avoid in life

Работи што треба да ги избегнеш :

  • Немој да бидеш нејасен со твоите планови. Твоите планови и патот за нивно исполнување може да се попречат доколку има нејасни чекори за нивно реализирање. За да го надминеш ова, елиминирај ги или ограничи ги сите планови кои не се во твојата приоритетна листа.
  • Не се саботирај себе си. Планирајќи нереални планови може да доведе до испуштање или откажување на други планови кои резултираат до нарушени односи со други или себе си. Почитувај го својот лимит, со цел избегнување на проблемите од овој тип.
  • Не грижи се дали можеш да го направиш или не. Планирањето не значи дека нема простор за измени доколку е потребно.
  • Не ги копирај целите на другите луѓе. Да се доживеат идните аспирации на другите, може да ја загрози твојата иднина. Фокусирај се на твојот живот, и пронајди го она што е најважно за тебе. Придржувањето кон овој план ќе те води кон постигнување на повеќе цели од веќе поставените.
  • Скрши го “маѓепсаниот синџир” Не дозволувај туку така да ти поминува животот. За момент размисли за твоето идно патување. Земи 1 час (без никакви прекини) за да размислиш и направиш планот за следните 12 месеци.
Најди пријател со кој можеш да го споделиш твојот план.Имањето на вклучен пријател го прави процесот позабавен и ти гарантира дека ќе имаш мотивација за да се придржуваш до твоите планови.
Имајќи го ова во писмена форма го прави поконкретно и пореално во твојот живот. Со самото тоа, веќе си подготвен да ја исполниш својата иднина.

Image result for life emotionsКои емоции може да ги доживееш за време на 12-месечниот процес на планирање?

o   Анксиозност. Може да чувствуваш страв од неизвесноста на иднината. Тоа е сосема нормално. Остани приземен, тоа ќе ти помогне да не се грижиш премногу за она што е пред нас.
o   Може да се чувствуваш лут, како резултат на фрустрацијата околу планирањето. На почетокот 12-месечното планирање може да ти изгледа застрашувачки, но биди сигурен доколку потрошиш повеќе време на твоите планови, работите ќе станат поедноставни.
o   Забрзано. Tи се чини дека немаш трпеливост да седнеш во тишина и размислиш за твоите плaнови, и сакаш директно да скокнеш во акција. Воздржи се !
o   Надежта треба да резонира со тебе, додека стекнеш поголема доверба во својата способност да го постигнеш планираното.
o   На крајот на краиштата, најдобро е да се почувствува среќа во моментот кога ќе видиш дека напорот за подобрување на себеси се исплаќа.
“За да постигнеме големи нешта, не смееме само да дејствуваме, туку и да сонуваме; Не само да планираме, туку и да веруваме” Atanole France
Related image

Како може да се чувствуваш после процесот?

  • Олеснување, знаејќи дека сега си на подобро место отколку пред да започнеш.
  • Најверојатно ќе почувствувате повеќе мир во себе си. Плановите за иднината се дефинирани и во писмена форма.
  • Веројатно ќе чувствувате и помалку стрес, бидејќи несигурната иднина полека станува посигурна. Ова ти овозможува да размислиш повеќе за она што се случува сега.
  • Продуктивноста во сите аспекти во животот ќе се зголеми кога ќе имаш солиден план за иднината.

Image result for person with questions

Започни денес со овие едноставни прашања:

1.       Во што ќе го насочите вашето време и енергија во следните 12 месеци ?
2.       Што ве мотивира?
3.       Какви средства имате и какви ви недостасуваат ?
4.       Кои чекори (пресвртници) ќе ги следите?
5.       Кој ќе го следи вашиот напредок?
Запиши ги овие одговори во тетратка или на документ во твојот компјутер ( за да можеш секогаш да видиш колку си напредувал) и уживај во твоето патување!

Дали ќе го започнеш твојот 12-месечен план денес???