10 цитати кои ќе ве натераат да го прифатите сопствениот одраз во огледалото

Стандардите за убавина кои се наметнуваат, често прават и славните жени кои важат за најубави да се чувствуваат непријатно, но и да проговорат за вистинската женска убавина, самодовербата и сè она што една жена ја прави убава. Нивните цитати ќе направат да сфатиме што е навистина важно и да научиме да го сакаме сопствениот одраз во огледалото.
Image result for 100% icon Сите жени кои мислат дека се дебели бидејќи не носат конфекциски број нула – вие сте прекрасни, општеството е грдо – Мерилин Монро
Image result for 100% icon
Наредниот пат кога ќе се погледнете во огледало, обидете се да заборавите на критериумите кои велат дека сте предебели, премногу бледи, престари, очите ви се пребали или носот преголем. Погледнете се во огледало и во своето лице. Кога ќе попушти критиката ќе ја видите вистинската себе, без осуда и тоа е прв чекор за промена како го доживувате светот – Опра Винфри
Image result for 100% icon
Не е добро доколку си преслаб или предебел. Невозможно е да се задоволат сите, па затоа е најдобро да престанеме да се трудиме – Џенифер Анистон
Image result for 100% icon
Со години не можев да го прифатам своето тело и како изгледа. Си велев „Не можеш да носиш ништо без ракави или со прерамки”. Но, одеднаш ми светна како би било самата да не си праќам такви негативни пораки и да си велам „Носи го тоа и уживај”? Сега, повеќе од било кога, се чувствувам поудобно во сè што носам – Дру Баримoр
Image result for 100% icon
Се вели дека убавината е во окото на набљудувачот, а јас велам дека е ослободувачки кога ќе сфатиш дека тој набљудувач си токму ти. Ова ни дава моќ да ја побараме убавината на места на кои други не се осудуваат да ја бараат, вклучувајќи не и нас самите – Селма Хаек
Image result for 100% icon
Убавината е она чувство одвнатре, тоа што се гледа во очите. Тоа не е нешто физички – Софија Лорен
Image result for 100% icon
Среќата и самодовербата се најубавите работи на кои можеме да се потпреме – Тејлор Свифт
Image result for 100% icon
Морав да пораснам за да научам да го сакам своето тело. На почетокот немав самодоверба. Ја избрав љубовта кон себе си и од тогаш тргна сè. Работите за кои мислев дека не се атрактивни станаа секси. Самодовербата не прави посексипилни – Квин Латифа
Image result for 100% icon
Слабите девојки не ги сметам за привлечни, да бидеме среќни и здрави. Никогаш не сум имала проблем со поимувањето на сопствениот изглед. Попрво би ручала со своите пријатели отколку да отидам во теретана – Адел
Image result for 100% icon
Мислам дека без обзир на големината и обликот на телото важно е да се прифати сопствениот изглед.Женското тело е прекрасно. Би сакала жените да се горди на своите тела и да не ги осудуваат другите жени – Кристина Агилера