Мајкл Дел: Опкружете се со луѓе попаметни од вас

Што низ животот и работата ги водело и ќе ги води најбогатите светски бизнисмени: Што би рекле за пријателите, сомнежите, пазарите, парите или ризикот…

Мајкл Дел, основач и директор на компанијата за производство на компјутери „Dell“.

“Обидете се да не бидете секогаш најпаметниот човек во просторијата, иако тоа можеби сте. Опкружете се со луѓе попаметни од вас. Во професионалните кругови тоа се вика “мрежа на контакти“, во компаниите “team building”. Во животот тоа се семејството, пријателите…Сите учиме едни од други, а најскапоценото искуство кое го стекнуваме, е искуството низ работата со другите.

ЗА ЦЕЛИТЕ

За успех не е потребно да бидете гениј, ниту да поседувате диплома од факултет, потребно е да имате сон и да го следите.

ЗА РАБОТАТА

Без разлика дали сте откриле која е вашата ориентација или уште ја барате, страста секогаш мора да биде вашиот главен двигател. Не се откажувајте, работете го она што ве придвижува и во кое уживате.

ЗА УСПЕХОТ

Не се плашете од неуспехот, бидејќи тој ве учи како не треба да работите и каде сте погрешиле. Често на патот до успехот ќе мора да работите и нешто што не ви се допаѓа, но тоа е составен дел од работата. Тоа нека не ве демотивира.

ЗА ОДЛУКИТЕ

Не дозволувајте да помине многу време пред да ја донесете најдобрата одлука. Никогаш нема да се чуствувате доволно спремни! Доколку не реагирате, вашата шанса ќе ве одмине.