Основачот на Твитер: Сакав светот да го направам подобар, но згрешив!

Основачот на Твитер и коосновачот на блогерот Иван Вилијамс неодамна дал интервју за Њујорк тајмс, кој го претстави како човек кој ја отворил Пандорината кутија, во кое говорел за својата социјална мрежа и интернет.
Додека тој не се појавил, луѓето имаа малку места каде можеа да одат кога се преплавени со емоции и луди идеи, единствено можеа да напишат писмо на некој весник или да им држат проповеди на соседите, наведува овој медиум споредувајќи го со Гутенберг, изумителот на печатарската машина, кога се работи за развојот на комуникациските технологии.
„Мислев дека кога еднаш сите ќе бидат во можност слободно да говорат и разменуваат информации и идеи, светот автоматски ќе стане подобро место. Згрешив во врска со тоа“, рекол познатиот претприемач од Силиконската долина.
Вилијамс вели дека проблемот на интернетот е тоа што наградува екстреми.
Да речеме дека на пример се возите во автомобил и гледате судир. Секако дека ќе погледнете. Секој гледа. Интернетот сфати дека тоа значи дека сите бараат повеќе судири, па се обидува да им ги обезбеди“, смета основачот на Твитер.
Како што истакнал целта му е да ја разбие оваа шема.
„Ако научам дека, движејќи се по тој пат, ќе гледам се повеќе и повеќе судири, ќе тргнам по друг пат“, истакнал Вилијамс.