Неколку креативни начини како да дадете отказ на работното место

Ниту да дадете отказ на работното место не е толку лесно.

Поради тоа, еве неколку начини како да го напуштите сегашното работно место.
1. Деактивирајте го профилот на Трамп на Twitter
Профилот на претседателот на САД Доналд Трамп на Twitter беше деактивиран од страна на еден работник на таа социјална мрежа за време на  неговиот последен работен ден во таа компанија.
„Дознавме дека работникот тоа го направил за време на последниот работен ден, а спроведуваме интерна истрага“, соопшти таа компанија.
2. Во живо во етер
Водителката Карло Грини за време на пренос во живо после репортажа изјави дека таа е всушност претседателка на Канабис клуб. Но, тоа не беше главно изненадување.
После признанието таа и откри на гледачите дека ја напушта моменталната работа како телевизиска водителка и новинарка како би можела комплетно да се посвети во борбата за легализација на марихуана во таа држава.
3. Искажете го тоа преку танц
Марина Шифрин имаше 18 милиони прегледи на Youtube каде го објави својот танчерски перфроманс за време на последниот работен ден.
4. Направете го тоа во авион
Малку е да се каже дека Стивен Слејтер, поранешен работник на компанијата Џет Блу комплетно загубил контрола во еден момент.
Поради своето „лудо возење“ и исфрлување на патник со кој претходно се скарал добил казна од една година затвор и парична казна од 10.000 долари.
5. Доведете оркестар
Во 2011 година Џои Де Франческо ја напушти својата работа во хотел со помош на своите колеги.
6. Испратете му порака на Путин
Ли Вахл ја напуштила својата работа во емисијата „Русија денес“ и рекла дека веќе не сака да биде дел од „мрежата која ја финансира Путин“.