Една мала активност може целосно да го промени патот кон успехот

Поголемиот дел од луѓето го минуваат животот забележувајќи ги само сопствените грешки. Наместо тоа, треба повеќе да обрнеме внимание на малите цели кои сакаме да ги постигнеме. Што би се случило доколку секој ги запишуваше сопствените успеси секојдневно?

Related image

Според едно истражување, тоа би ни го променило мозокот. Во неодамнешно истражување, Тереса Амабил и Стивен Крамер анализирале 12.000 текстови од лични дневници на 237 вработени во седум компании и откриле дека запишувањето на успесите влијае добро на успехот на личноста.
Истражувачите работеле на ова 15 години и ги набљудувале психолошките искуства и успехот во компаниите на вработените. Тие откриле дека работниот живот на личноста бил клучен показател за емоциите, мотивациите и перцепциите на личноста.
– Од сите работи кои може да ги подобрат емоциите, мотивацијата и перцепциите за време на еден работен ден, најважниот е забележувањето на напредокот во работата. Колку почесто луѓето го забележувале напредокот, толку повеќе биле продуктивни долгорочно… секојдневниот напредок, дури и малата победа, може да направи разлика во начинот на кој луѓето се чувствуваат и работат – пишуваат истражувачите.
Тие посочуваат дека напредокот не се само големите успеси, туку и малите работи кои ги постигнуваме секојдневно може да ни дадат чувство на напредок. Секој успех, без разлика колку е мал, го активира делот за награда во мозокот, а ова ни дава чувство на постигнување и гордост. Се лачи и хормонот на среќа и ние се чувствуваме добро, а со тоа сме мотивирани да работиме повеќе и да бидеме подобри.
Запишувањето на секојдневните постигнувања може да биде патот до успехот. Зошто не започнете денес?