Перфектната презентација во 10 слајдови

pitch-e1360165656130

Барем еднаш во текот на развојот на вашата старт-ап компанија, ќе треба да направите презентација (pitch), претставувајќи ја идејата, проблемот, решението, напредокот и активностите на вашиот старт-ап. Вие треба да ги замислите најпотребните и точни информации за вашата идеја во рамките на даденото време, кое во повеќето случаи се движи од 60 секунди до 5 минути.

Десетте слајда се:
1.Наслов
2.Проблем
3.Решение
4.Бизнис модел
5.Тајниот сос
6.Маркетинг и продажба
7.Конкуренција
8.Тим
9.Главна метрика и финансиски проекции
10.Континуиран развој

1. Наслов
Во овој слајд поставете го името на старт-апот кој го презентирате. Наведете го вашето име и детали за контакт. Можете да ставите и кратка порака од името на вашата компанија.

2. Проблем
Кој е проблемот што го решавате?

– Која група на луѓе го имаат овој проблем? Можете да сумирате во неколку кратки бројки или анализи во врска со направените студии.

– Размислете, дали навистина тоа е проблем и дали е болка за клиентот која вие ја олеснувате.

 3. Решение
– Како ќе ја ублажите болката на клиентот и како ќе го решите неговиот проблем?
– Бидете сигурни дека публиката разбира јасно:

  • Што продавате?
  • Која е вредноста што ја нудиме за цената на производот.
  • Тоа не е место за длабочина на техничките описи, едноставно кажете “како”.

4. Бизнис модел
Како правите пари?

  • Кој плаќа?
  • Низ какви канали поминува вашиот производ ?
  • Каков е вашиот “gross margin”?

5. Тајниот сос
– Која е тајната или магијата зад вашиот производ?
– Која е вашата предност пред конкурентните?
– Како сте подобри од своите конкуренти?
– Во овој слајд избегнувајте текст. Користете дијаграми.

6. Маркетинг и продажба
– Временската линија на продажбата и ефикасност на маркетингот.

– Како ќе дојдете до вашите клиенти?
– Како ќе излезете на пазарот и ќе заработите клиенти? -Убедете ја публиката дека имате ефективна “Go-to-Market Strategy”.

7. Конкуренција
– Комплетен поглед над полето со конкуренти.

  • Колку повеќе толку подобро.
    – Никогаш не потценувајте ја конкуренцијата!
  • Инвеститори, клиенти и вработени сакаат да знаат зошто сте подобри од другите, а не зошто тие се полоши од вас.
    – Никогаш не вели дека нема конкуренција!

8. Тим
– Кои се главните играчи, инвеститори и борд на директори?

– Не грижете се ако не сте со совршен тим

  • Сите екипи имаат дупки.
  • Поентата е да знаете дека постојат дупки кои сакате да се пополнат.

9. Главна метрика и финансиски проекции
– 5-годишни финансиски проекции.
– Покажете и клучна метрика со која го мерите успехот на компанијата.

  • Клиенти, лиценци, продажба итн.

10. Континуиран развој
– Каков ви е статусот на развој во моментов

  • Што сте постигнале до соодветниот датум на презентацијата?
  • Временска линија на развој.
  • Како ќе ги користите парите кои ги сакате од инвеститорите?
    – Споделете позитивни резултати, кои се присутни токму во моментот.
  • Завршете ја презентацијата, повикајте ја публиката. (да влезе во вашиот сајт, да скенира даден QR код, да го тестира производот итн.)