Пиењето вино може да ве направи попаметни

Виното не само што ќе ви остави убав вкус во устата подолго време откако ќе го испиете, туку тоа може и да ве направи попаметни, тврдат експертите. Љубители на вино, наздравете.

Според невронаучникот од Јејл Универзитетот, Гордон Шепард, пиењето вино ја активира сивата маса во поголема количини и поинтензивно од слушањето музика и решавањето математички задачи.
Пиењето вино е многу повеќе од само ставање на вино во чашата и конзумирање на истото. Вистинските познавачи, посебно професионалните сомелиери, внимателно ја пијат секоја голтка од него, вкусувајќи со јазикот и примајќи ја секоја арома од виното преку носот.
„За разлика од другите пијалоци, виното не го пиете во неколку голтки, туку го мрдате низ устата, го мирисате и го чувствувате на јазикот. За препознавање на различни сорти на вино потребна ви е голема мозочна активност“, вели Шепард.
Мозокот игра голема улога во одредувањето на вкусот на виното. Шепард тврди дека проучувањето на различните сорти вино и нивното правилно конзумирање го развиваат мозокот и ја активираат сивата маса.
„Можете да направите аналогија со бојата на работите низ светот. Ништо на светот вистински нема боја, туку таа се креира во нашиот мозок, бидејќи нашите очи на различен начин го примаат одблесокот на светлина од површините. Така е и со виното. Ниедно вино во суштина нема вкус, туку нашиот мозок му го предодредува вкусот откако ќе го конзумираме“, додава тој.
За време на празничниот период, додека пиете вино, помислете на тоа дека не само што внесувате течност во телото, туку и го развивате мозокот истовремено.