Почнете паметно да управувате со своите пари

Една од работите кои ние најдобро ги знаеме е тоа како да живееме над сопствените можности, како да трошиме пари кои сеуште не сме ги заработиле. Следниве совети би можеле барем малку да ви помогнат и да ја ублажат ситуацијата.  

 

1. Почнете да заработувате за самите себе– Без разлика дали се работи за џепарлак или плата. Важно е дека ќе заработите пари за себе. А зошто? Затоа што на своја кожа ќе почувствувате грижа на совеста доколку ги потрошите парите на небитни работи, бидејќи секогаш ќе се сетите на тоа колку сте се намачиле да ги заработите, а потоа и чесно да ви ги исплатат.  За парите на мама, тато или баба, требаше само да пружиме дланка  и не беше толку тешко да ги потрошиме, сите го знаеме тоа од искуство.

2. Дополнителна работа– Не препорачуваме работа во некое нехумано време, само предлагаме да не ја пропуштате можноста за дополнителен приход, дури и кога тоа не ви е неопходно. И немојте само да чекате нешто да се случи. Ако можете да му се јавите на пријателот за секоја ситница или кавга со партнерот, тогаш можете и да ги известите дека барате дополнителна работа, можеби знаат некој што бара работник или пак ќе ве препорачаат некаде…

3. Почнете конечно да го купувате само она што ви е потребно– Тоа не е лесно, особено ако во плакарот имате 40 фустани, а немате ниту еден пристоен за дневно излегување – тогаш имате проблем. За чевли и да не зборуваме. Прво, избегнувајте ги трговските центри кога ви е досадно или имате повеќе пари од вообичаено. Второ, фокосирајте се на намалувањата, таму секогаш ќе наидете на нешто интересно што би ви одговарало, особено во првите денови од распродажбата. И трето, од пријателите секогаш можете да позајмите нешто што го немате.