Прашања на кои треба да одговорите ако сакате да започнете бизнис

Доколку вашата резолуција била да дадете отказ на работа и да започнете сопствен бизнис, тогаш не сте единствени.
Сепак, ова не е лесна работа, а голем број претприемачи за брзо време потонуваат во напорната работа и тешкиот животен стил. Затоа, потребно е да се подготвите себеси пред да започнете да водите сопствен бизнис, и да се запрашате овие клучни прашања.

1. Колку добро работите без надреден?

Дали ви е потребно постојано водење и мотивација од другите? Колку добро можете да го менаџирате сопственото време кога никој не ви поставува рок?
Голем дел од луѓето сметаат дека кога се главни животот е многу полесен, меѓутоа не секогаш е таков случајот. Може да биде навистина тешко. Успешните претприемачи се природно независни и не им е потребен никој за да бидат ефективни и продуктивни.

2. Дали сте пронаоѓач или претприемач?

Голем број успешни компании се започнати токму поради неверојатни идеи. Сепак, одличната идеја или пронајдок не мора да значи дека е доволна за да се создаде успешен бизнис.
Многу пати човекот кој е „пронаоѓач“ останува фокусиран на продуктот, прототипот или патентот, игнорирајќи ги другите аспекти на развивање на бизнисот. Само затоа што сте развиле одличен продукт, не значи дека клиентите веднаш ќе дојдат на вашата врата. Во тоа успеваат претприемачите.

3. Дали вашата бизнис идеја нуди добра вредност кај клиентите?

Сигурно многу пати сте ја слушнале поговорката: „Сакај го она што го работиш и парите сами ќе си дојдат“. Иако ова звучи добро теоретски, не секогаш испаѓа добро во реалниот живот.
Не постои сомневање дека страста е важен клуч за успехот, но за да се изгради профитабилен бизнис, потребно е да понудите нешто што другите го бараат.

4. Што е различно во врска со вашиот бизнис?

Дали вашата бизнис идеја е слична со другите бизниси коишто се веќе на пазарот, или имате нешто уникатно да понудите? Ова се важни прашања за кои треба да размислувате, но имајте на ум дека клучот до успехот не е секогаш празното поле кое никој досега не го допрел.
Сепак, зависи од тоа како ќе ја дефинирате вашата компанија и нејзиното место на пазарот. „Starbucks“ не беше првата компанија која продава кафе, и секако нема да биде последната меѓутоа е најуспешната.
Накратко, не секогаш мора да имате нова уникатна идеја.Откријте кој е најдобриот начин за да успеете.

5. Дали сте подготвени да „носите повеќе капи“?

Кога сте вработен во компанија, постои некој на кого треба да му се јавите ако печатарот претстане да работи или ако сакате да се координирате за нов план. Ова не е случајот ако имате сопствен бизнис.
Започнувањето на сопствен бизнис значи дека треба да носите многу капи, а понекогаш и сите капи. Морате да бидете техничар еден час, а продавач друг час. Осигурајте се дека ќе ви биде пријатно да извршувате голем број функции, вклучувајќи ги и оние помалку гламурозните.

6. Дали имате финансии за да започнете веднаш?

Доколку сакате да знаете кога вашата плата ќе пристигне, работењето за себеси ќе биде екстремно успешно. Малите бизниси имаат падови и недостатоци во платите – понекогаш работењето со загуба трае од три до пет години.
Важно е да бидете реалистични за тоа како финансиски ќе се издржувате себеси и вашиот бизнис. Во многу случаи, најдобро е да започнете бизнис додека сеуште работите.

7. Како ќе се справите со одбивањата и разочарувањата?

Кога напорно сте работеле и сте инвестирале во она што го правите, тешко е да не ги земете лично сите одбивања. Сепак, како претприемач ќе примите голем број лоши вести – можеби од инвеститор, можеби изгубена продажба или лоша проценка на компанијата.
Не смеете да поминете долго време жалејќи и чувствувајќи се огорчено, бидејќи на тој начин губите време, а не учите ништо од искуството.