Како да бидете среќни? Правилата на Данците

Данска три пати до сега била изгласана како најсреќна земја во светот, иако е на второто место според извештајот од 2017. Но, што е она што ја издвојува Данска од останатите земји? Кои се правилата и условите за жителите на една земја да бидат среќни?

Related image

Во Данска не постои компетитивен образовен систем, нема напредни програми за надарените ученици. Училиштата мора да бидат еднакви, а учениците да си помагаат меѓусебно. Правилата сами по себе се едноставни. Сите ја охрабруваат идејата дека се просечни и тоа е во ред.
1. Немој да мислиш дека си нешто посебно.
2. Немој да мислиш дека си добар колку ние сите заедно.
3. Немој да мислиш дека си паметен колку сите ние заедно.
4. Не се убедувај себеси дека си попаметен од сите ние заедно.
5. Немој да мислиш дека знаеш повеќе од сите ние заедно.
6. Немој да мислиш дека си поважен од сите ние заедно.
7. Немој да мислиш дека си добар во било што.
8. Немој да ни се смееш.
9. Немој да мислиш дека некој се грижи за тебе.
10. Немој да мислиш дека можеш да не научиш нешто.
Кога вака ќе ги прочитате правилата, тие можеби малку звучат застрашувачки, но идејата е да се зајакне меѓусебната соработка и заедништвото. Во Данска не се зборува, кој одржал најдобар говор или кој има најдобри оценки во училиште, или пак, кој добил унапредување.
Тоа не значи дека Данците не се амбициозни, тие се амбициозни како и сите други еднакво. Едноставно не се фалат во врска со тоа, не се нервираат ако направт нешто повеќе од некого. Сметаат дека повеќемината се просечни и се задоволни со тоа.
Related imageПсихолозите сметаат дека кога човек е под стрес поради привремена амбиција, тогаш ќе надвладее анксиозноста. Според експертите, за човековото ментално здравје, потребно е да се прифати просечноста и да се сфати дека таа е доволно добра.
Затоа што, доколку постојано се замислуваат алтернативни сценарија кои не се оствариле, човекот може да почне да жали за донесените одлуки и иако се работело за добра одлука во зададен момент, сепак да се јави чувство на незадоволство.
Доколку се прифати просечниот живот како доволно добар, тогаш тоа е и поздрав начин на размислување, бидејќи во тој случај човекот може да извлече подобри искуства и да се чувствува задоволство. Кога очекувањата нема да бидат преголеми, секој пат кога ќе се случи нешто што ќе ги надмине очекувањата и задоволството ќе биде двојно поголемо. Тоа е одликата на Данците кои несомнено се среќна нација.