Преземете нешто!

На сите ви се дадени два големи подароци: вашиот ум и вашето време. На вас е со нив да правите што сакате. Со секој денар што ќе ви дојде в рака, вие и само вие имате право да си ја определите својата судбина.
Image result for robert kiyosakiДоколку ги трошите парите лудо, сте ја избрале сиромаштијата. Доколку ги трошите на актива (моментален приход и средства), сте ја избрале средната класа. Нашиот совет е да вложите во својот ум и научете како да стекнувате “долгорочна актива”, на тој начин за своја иднина сте го избрале богатството.
Изборот е ваш и ничиј повеќе. Секој ден одлучувате каде ќе го вложите или потрошите вашиот денар, одлучувате дали ќе бидете богати, сиромашни или ќе припаѓате на средната класа. Вашата иднина ќе ја одреди изборот што ќе го направите денеска, а не утре.
Image result for money and knowledgeПосетувајте семинари, онлајн курсеви, читајте, секојдневието нека ви биде множество на нови и корисни информации. Единствениот начин да стекнете богатство и среќа е со инвестирање во самите себе.
Ви посакуваме големо богатство и многу среќа во ова прекрасно патување наречено живот.