Совети за продуктивно учење од најголемите умови

Мејсон Кјури ги собрал сите стратегии за учење на најголемите умови во историјата во својата книга „Daily rituals“. Секој студент може да ги проба во текот на испитната сесија. Следуваат некои кои ни оставија најголем впечаток.

Image result for mason currey

– Психологот Б. Ф. Скинер вклучувал мерач за време додека работел и ја забележувал својата дневна продуктивност на график.
– Студиото не е за секого. Уметникот Анри д’ Тулуз-Лотрек творел во бордели.
– Волес Стивенс работел како адвокат во текот на денот, а песни компонирал за време на долгите прошетки на паузите за ручек и кога си заминувал од работа. Кога ќе стигнел до она кон кое целел, застанувал и го запишувал.
– За да се ослободи од несаканите пречки, британскиот сценарист Сомерсет Могам работел на работна маса која била насочена кон чист и празен ѕид.
– Режисерот Дејвид Линч размислувал додека јадел ручек. Тој јадел ручек во ист ресторан седум години и секогаш порачувал чоколаден шејк и 5-7 шолји кафе.
– Никола Тесла секогаш работел од пладне до полноќ со затворени завеси.
– Имануел Кант изнајмил пензиониран војник да го буди во 5:00 секое утро.
– Писателот Николсон Бејкер имал посебна рутина за секоја книга на која работел.
– Вилијам Фолкнер имал потреба од мир и тишина за да работи. Вратата во неговата домашна библиотека немала клуч, па тој ја затворал и ја отстранувал рачката кога сакал да работи.