Професионални совети од успешни луѓе

Дополнителна инспирација за работа никогаш не е на одмет. Секому е потребен двигател за напредување во кариерата. Ова се некои совети на некои од најуспешните луѓе на денешницата кои можеби ќе бидат вашиот мотиватор.

Image result for steve jobs“Убеден сум дека единственото нешто кое ме движи напред е фактот дека го сакав тоа што го работев. Мора да пронајдете што навистина сакате да работите. Тоа е еднакво вистина за работата како и за љубовниците. Вашата работа ќе пополнува голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете навистина задоволни е да го правите она за што верувате дека е одлична професија. Единствениот начин да имате одлична професија е да го сакате она што го работите.“Стив Џобс.
Image result for rachel zoe„Секогаш бидете учтиви кон луѓето. Не ги газете луѓето за да стигнете таму каде што сакате.“Рејчел Зои, моден стилист и дизајнер.

 

Image result for warren buffett„Следете ги страстите. Секогаш им велам на учениците работата да ја сметаат исто како да се независно богати. Ќе бидете добри во тоа.“Варен Бафет, директор на Беркшир Хетвеи.
Image result for oprah„Правете го она што мора да го правите сѐ додека не можете да го правите она што сакате да го правите.“Опра

 

 Image result for jack welch„Не прифаќајте работа затоа што вашите родители го сакаат тоа. Не бидете жртва. Вие ги поседувате сопствените одлуки.“Џек Велч, поранешен директор на Џенерал Електрик.

 

 Image result for obama„Никој кој постигнал нешто не го одбегнал неуспехот, кој понекогаш бил катастрофален, но тие не се предале. Тие учат од своите грешки. Не се откажуваат.“Барак Обама.

 

 Image result for christiane amanpour„Имајте сон. Имајте страст. Бидете свесни дека не постои такво нешто како успех постигнат преку ноќ. Тој доаѓа со многу работа, посветеност и жртвување. Мора да знаете дека единстен начин да бидете добри во нешто е да го сакате тоа што го работите и навистина да се трудите.
Бидејќи на крајот, вашата репутација ќе биде изградена на искуството и довербата која другите ја имаат во вас.“Кристиан Аманпур, телевизиски новинар и интернационален кореспондент.