Професионални совети од успешни луѓе

Дополнителна инспирација за работа никогаш не е на одмет. Секому е потребен двигател за напредување во кариерата. Ова се некои совети кои можеби ќе бидат вашиот двигател. Тоа се изјави на некои од најуспешните луѓе на денешницата.

„Убеден сум дека единственото нешто кое ме движи напред е фактот дека го сакав тоа што го работев. Мора да пронајдете што навистина сакате да работите. Тоа е еднакво вистина за работата како и за љубовниците. Вашата работа ќе потполнува голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете навистина задоволни е да го правите она за што верувате дека е одлична професија. Единствениот начин да имате одлична професија е да го сакате она што го работите. Доколку сѐ уште не сте го пронашле тоа, продолжете да барате. Не се задоволувајте со било што. Бидејќи сѐ е до срцето, ќе знаете кога сте го пронашле. И, како секоја добра врска, работата ќе станува подобра и подобра со годините. Затоа, продолжете да барате сѐ додека не стигнете до целта. Не се откажувајте. “ – Стив Џобс
„Секогаш бидете учтиви кон луѓето. Не ги газете луѓето за да стигнете таму каде што сакате.“ – Рејчел Зои, моден стилист и дизајнер
„Следете ги страстите. Секогаш им велам на учениците работата да ја сметаат исто како да се независно богати. Ќе бидете добри во тоа.“ – Варен Бафет, директор на Беркшир Хетвеи
„Правете го она што мора да го правите сѐ додека не можете да го правите она што сакате да го правите.“ – Опра
„Не прифаќајте работа затоа што вашата мајка го сака тоа. Не бидете жртва. Вие ги поседувате сопствените одлуки.“ – Џек Велч, поранешен директор на Џенерал Електрик
„Никој кој постигнал нешто не го одбегнал неуспехот, кој понекогаш бил катастрофален, но тие не се предале. Тие учат од своите грешки. Не се откажуваат.“ – Барак Обама
„Имајте сон. Имајте страст. Бидете свесни дека не постои такво нешто како успех постигнат преку ноќ. Тој доаѓа со многу работа, посветеност и жртвување. Мора да знаете дека единстен начин да бидете добри во нешто е да го сакате тоа што го работите и навистина да се трудите. Бидејќи на крајот, вашата репутација ќе биде изградена на искуството и довербата која другите ја имаат во вас.“ – Кристиан Аманпур, телевизиски новинар и интернационален кореспондент.