Професори со совети до студентите како треба да учат и да полагаат испити

Токму затоа што сите различно ги подготвувате испитите и различно учите, можеби нема да ви одговараат сите овие совети, меѓутоа вреди да се прочита што врвните професори имаат да кажат за учењето.

Прва фаза: Повторување

„Планирај на време што се` мораш да подготвиш за испитот. Вежбај во услови кои стимулираат временско ограничување. На ист начин замисли и обиди се да повториш. Помага на пример, да измислиш прецизни и концизни прегледи на главните идеи, концепти и теории“, Виктор Тадрос професор по право на универзитетот Ворвик.
„Најдобриот начин да научиш нешто е тоа да му го објасниш на некој друг. Друг тест за сфаќање на темата е да пронајдеш нови вежби и да ги решиш“, Елена Исоглио, професорка по финансиска математика на универзитетот Лидс.
„Немој да учиш на памет туку со разбирање. Откако ќе го сфатиш нештото, тоа ќе го знаеш без да вложуваш дополнителен напор во учењето (а така научените работи нема да ги заборавиш), Имануел Халупцок, професор по математика на Универзитетот Лидс.

Втора фаза: Пред испитот

„Една недела пред испитот реши пример од претходниот испит за да провериш колку знаеш“, Стивен Грифитс, професорка по применета математика на универзитетот Лидс.
„Испробај ја твојата вештина на пишување. Провери колку ќе можеш да напишеш во одреден временски период, па на испит ќе се чувствуваш поудобно и подобро. Освен тоа, ќе знаеш колку време ти е потребно за да го напишеш есејот“, Валери Рамболд, професорка по англиски јазик и книжевност на универзитетот во Бирмингем.
„На полагање дојди порани, издвои две или три минути за пред испитот да се собереш и сконцентрираш“, Себастијам Мичел, професор по англиски јазик и книжевност.

Трета фаза: За време на испитот

„Откако ќе седнеш на своето место, диши длабоко 10 пати и потсети се дека решавањето на испитот во тишина е она што го сакаш и што те нтересира, па самиот испит ќе биде добро искуство“, Валери Рамболд, професрока по англиски јазик и книжевност на универзитетот во Бирмингем.
„Првите 50% од оценката е лесно да се заработат отколку последните 10%. Ако ги научиш само белешките од предавањата можеби ќе го положиш испитот, но за повисока оценка ќе мораш да поврзуваш идеи и да додадеш друга литература“, Фил Гарнсворти, Одсек за наука за животните при универзитетот во Нотингем.
„Одбери ги најдобрите прашања или есејски теми за себе – можеби и не се оние кои ќе ти паднат на очи на почеток. Немој да изнесуваш информации кои не се директно поврзани со прашањата. Една од вештините е да го претвориш она што го знаеш во одговор на прашањето кое ти е поставено на испит“, Себастија Мичел, професор по англиски јазик и книжевност на универзитетот во Бирмингенм.
„Биди интересен/на. Оценувањето на испитот е еден од најдосадните делови од работата на професорот. Интересните испити ни помагаат во оваа ситуација, а можеш да добиеш и подобра оценка. Избегнувај претенциозно пишување. Повеќето професори лесно препознаваат недостаток на знаење низ ваквото пишување. Ако го разбираш материјалот, можеш да го изложиш едноставно и јасно“, Виктор Тадрос, професор по право, универзитет Варвик.
„Немој да избегнуваш прашања кои од тебе бараат да напишеш податоци – одговорот е можеби поедноставен отколку што мислиш“, Фил Гарнсворти, Одсек за наука за животните при универзитетот во Нотингем.
„Ако порано завршиш со испитот, немој да си одиш. Можеби и не уживаш во амбиентот, но сети се колку пари го плаќаш и колку труд вложуваш во студирањето. Потроши уште неколку минути и провери ги одговорите. Сигурно немаш некоја попаметна работа“, Мајк Еванс, професор по математика на универзитетот Лидс.