Работи кои треба да си ги кажувате секој ден

Image result for success person
– Минатите грешки не Ве дефинираат. Не дозволувајте вчерашните недостатоци да Ве спречат од правење нешто одлично денес. Научете од грешките и растете од нив.
– Вие не сте Вашите татко, мајка, брат или сестра. Тоа не е навреда за нив, но доколку никој од Вашето семејство не студирал, не значи дека и Вие не треба. Вие го одбирате сопствениот пат.
– Има времиња кога треба да направите тешки одлуки. Понекогаш ќе донесете погрешни одлуки. Учете од нив, но не се обвинувајте. Тоа е неизбежно.
– Секој паѓа. Не сте првата личност на која и’ се случува ова и не е до Вас.
– Вие сте доволно добри. Не е битно дали на себе носите скапа облека или некој смета дека нешто Ви недостасува. Никој не смее да ја одреди Вашата вредност. Само Вие знаете колку вредите.
– Не го трошете времето на освојување на љубовта на некој кој не сака да Ви ја подари. Вие можете да имате некој кој едвај ќе дочека да Ве види.
– Во ред е да побарате помош или совет.
– Доколку побарате совет од некого, слушнете го. Не барајте само некој кој ќе се согласува со Вас.
– Се’ не може да се промени преку ноќ. Славете ги малите достигнувања и сфатете дека секое од нив е чекор до остварување на Вашите соништа.
– Доколку сонот е поголем од Вас не значи дека е невозможен. Престанете да мислите на него и започнете да планирате како да го остварите.