Сакаш да го промениш твоето работно место? Размисли најпрво за ова!

Ако размислуваш за промена на твојата кариера во 2017 година, тогаш навистина треба одговорно да се фокусираш на твоите размислувања! Тоа значи дека размислуваш за насоката на твојата кариера и нејзината улога во твојот живот. Пред да превземеш големи чекори за промена на професијата или кариерата убаво е да ги погледнеш следните аспекти:

1. Што ти овозможува твојата моментална кариера?

Некои луѓе работат бидејќи сакаат плата, некои сакаат престиж, некои имаат крајна цел или ментален напредок. Некои луѓе веруваат во мисијата да работат и да постигнат.
Related image Што прави вашата професија или кариера за вас? Зошто станувате од кревет секој ден? Дали е тоа само за плата, или има нешто повеќе? Дали имате аспирации кариера и цели?

2. Зошто сакаш промена?

Понекогаш луѓето се оптеретени од нивниот шеф, соработници, канцелариски простор, или пак се пре заситени од познатото. Во тој случај, можеби она што им треба е нова работа. Понекогаш тие навистина сакаат да направат нешто ново. Тие се уморни од предизвиците во нивните сегашни кариера и се подготвени да се впуштат во нова авантура. Во други случаи, луѓето понекогаш се наоѓаат во индустрија која веќе не е просперитетна и тие сакаат да направат нешто што има повеќе потенцијал.
Related image
Дали ви е потребна нова работа или нова кариера? Што те мотивира да започнеш нова кариера и промена на твоето работно место?

3. Што те прави среќен/среќна?

Она што е важно е среќата – тоа може да биде среќата на вашето семејство, среќата на вашето работно место, среќата на вашите деца, така што ова прашање е навистина важно. Најверојатно си размислувал/а за ова, а потоа само си помислил/а дека тоа е само фантазија и дека не е остварливо. Можеби само затоа што никогаш не си се видел на пат кој оди натаму, или пак секогаш ти недостасувале некои елементи за сонот да го направиш реалност. Секогаш можеш да најдеш начин да ја дознаеш твојата кариерна среќа дури и ако не излезе се како што на почетокот беше замислено.
Related image
Најважно е да се запрашаш што те прави среќен? Што те мотивира на работа? Што тоа што може да те натера да станеш од кревет секое утро и да одиш на работа?

4. Со што се издвојувате од толпата на работа?

Да го знаете одговорот на ова прашање е од суштинско значење. Истото тоа ќе ви овозможи да сфатите дека некои работи можете да ги направите подобро од било кој. Ако не знаете во што сте најдобри, вашиот нов потенцијален работодавец нема да има причина да ве вработи токму вас, а не некој друг.
Related image
Која е вашата супер сила?

 

 5. Што учиш од твојата работа и што е она што сакаш да го научиш дополнително?

Вашето учење и креативноста се клучни за одржување на заинтересираноста и вашата посветеност во кариерата. Ако не учите нешто ново секој може да го завземе вашето место.
Related image
Што е она што те фасцинира? Што предизвикува возбуда кај тебе? Кои курсеви сакате да ги посетите? Научете нови вештини и применувај ги во својата нова кариера.

6. На кого му служите и кого опслужувате на вашето работно место со моменталната кариера?

Најважно е да се има мисија и дека успехот на компанијата е нешто многу важно за вас. Запомнете, вашата биографија не е пример за она што сте го направиле колку што е демонстрација на тоа како може да направите нешто во иднина и зошто твојот иден работодавач треба да те вработи.
Related image
Само доколку си ги поставите овие прашања и самостојно ги одговорите, ќе бидете подготвени да направите промена во кариерата оваа година!