Разберете го патот до успехот

Голем дел од студирањето претставуваат предавањата и учењето на предметите соодветни за вашата област, од кои повеќето би требало да ги искористите во професијата. Некои од предавањата изгледаат бескорисни, но ставени се таму со причина. Ова се некои нешта кои мора да ги разберете за да бидете успешни по дипломирањето.
Сигурно имате предмет историја, иако не студирате тоа. Секој професор ќе ви каже дека историјата е битна и ќе повторува изреки како: историјата се повторува, не можете да знаете што ќе се случи во иднината доколку не знаете што се случувало во минатото и сл. Вистината е дека тие се во право. Потребно е да разберете сѐ во вашата област. На пример, доколку сте во компјутерската или технолошката индустрија, ќе сакате да знаете како технологијата напредувала во последните 50 години за да ја разберете технологијата во иднината.
Сѐ што се случува сега во областа која ја студирате е битно и треба да го знаете.  Морате да ги следите вестите, откритијата и промените кои се случуваат постојано.
Учењето не треба да заврши со последниот испит. Треба да учите и додека работите. Доколку го работите она што го сакате, ова ќе дојде последователно.
Добро е да го забележувате вашиот успех. Водете сметка за вашиот напредок. Така ќе можете да учите од своите постапки и ќе видите колку сте напредувале од самиот почеток.
Бидете подготвени понекогаш да не бидете во право и подгответе се за падови. Не е добро секогаш да не успевате, но неуспехот може да значи и учење на највисоко ниво. Ќе знаете точно што не треба да правите.