Сакате да бидете посреќни? Еве што треба да престанете да правите

Една работа која сите ги работиме може да нè вовлече во кругот на негативните чувства и да нè однесе во состојба која психолозите ја нарекуваат „научена беспомошност“.

Едноставна работа која треба да ја направите ако сакате да бидете посреќни: Трошете помалку време зборувајќи за вашите проблеми!
– Кога се чувствуваме незадоволно или фрустрирано поради нешто, ние реагираме на човечки начин – се жалиме – вели Гај Винч. – Се жалиме и поради големи и поради мали работи и тоа многу често. Тоа не го изненадува никого. Она што е изненадувачко е дека, иако вложуваме огромна количина на времето во жалење, тоа време е залудно потрошено. Практично ништо не правиме за да се решиме од она што се жалиме.
Тоа е маѓепсан круг. Колку повеќе некој се жали, толку се помали шансите да го реши проблемот, и поголеми шансите да се чувствува лошо поради тоа.
Според Др.Винч, ова се случува поради состојбата која се нарекува „научена беспомошност“, психолошка состојба која опишува што се случува кога луѓето веруваат дека немаат контрола врз средината која ги опкружува. – Кога ќе станеме убедени дека немаме никакво влијание, ги прекинуваме нашите напори и стануваме пасивни и беспомошни – вели Др.Винч.
Тоа не значи дека секогаш треба да ги задржувате емоциите. Експертите велат дека постои граница меѓу „издувување“ и жалење. Нема ништо лошо да се ослободите од притисокот со пријателите, само внимавајте да не бидете фатени во негативната спирала која се спушта надолу.
И, не заборавајте да бидете благодарни од време на време. Истражувањата покажуваат дека искажувањето на благодарност е една од најмоќните начини да ја поттикнете среќата.