Вежбањето ја зголемува самоконтролата

Како некои луѓе успеваат секое утро да џогираат, и тоа со насмевка на лицето? Изгледа дека колку повеќе вежбаат и трчаат, толку е полесно да добијат волја за тренирање. Според студија од 2016 година, колку повеќе вежбате, толку повеќе се зголемуваат и мотивацијата и желбата.
Image result for practice your mindЗа период од 7 недели учесниците во студијата трчале или оделе малку побрзо од нормалното темпо. Им биле дадени серија хипотетички избори за да се тестира нивната волја да се откажат од моменталното задоволство за награда која ќе ја добијат ако трчаат подолго време.
Истражувачите откриле дека принудувањето за надминување на границите ја зголемило волјата кај учесниците да ја изберат одложената опција, односно тоа довело до подобрувања во донесувањето одлуки за самоконтрола. Па, ако се мачите да најдете мотивација за да одите во сала за вежбање, одговорот можеби е толку едноставен, а подразбира да се облечете во облека за тренирање и да оставите мотивацијата да ве пронајде вас.
Сепак, има неколку ограничувања. Прво, студијата не користела контролна група, а учесниците биле речиси сите жени, па пообемна студија можеби би открила попрецизно како функционира овој феномен за двата пола. Второ, оддолжената опција е чисто хипотетичка, па повеќето од нас веројатно се грижат повеќе за однесувањето што ќе нè предизвика да ги донесеме правилните избори наместо само да зборуваме дека ќе ги направиме. Сепак, резултатот ветува и ако тоа нè натера да вежбаме, тогаш сигурно е подобро долгорочно решение.
Related imageТестот со колачињата од бел слез е класичен пример за избор помеѓу моментално задоволство и награди на долгорочен план – дали детето ќе го изеде колачето веднаш или ќе почека 15 минути и ќе биде наградено со повеќе колачиња?
Истото е и со вежбањето, ќе се препуштите на моменталните задоволства или ќе инвестирате во вашето здравје?