Седум славни личности кои имале тежок почеток

Иако денес важат за некои од најбогатите и највлијателните личности во светот, овие славни личности имале доста неуспеси во почетокот на своите кариери.

Волт Дизни

Кога аплицирал за работата цртач за весникот „Kansas city star“, Дизни бил одбиен со образложение дека немал доволно фантазија и креативни идеи. Денес е познат како пионер на американската анимациска индустрија. Дизни остави белег во историјата како добитник на 22 Оскари.

Опра Винфри

Славната водителка доби отказ во својата прва телевизиска работа во Балтимор бидејќи „премногу емотивно се внесувала во своите приказни“. Нејзиното богатство денес се проценува на 3 милијарди долари.

Стивен Спилберг

Иако првобитно бил одбиен на факултетот за филмски уметности, Универзитетот во Јужна Каролина, денес една од зградите на овој Универзитет го носи називот токму по познатиот режисер.

Фред Астер

Првиот настап му донел бројни критики. „Не знае да пее, не знае да глуми, лошо игра“, биле само некои од коментарите на негова сметка. Астер денес се наоѓа на петата позиција на листата од 10 најдобри актери на класични холивудски филмови.

Џоана Роулинг

Многумина не знаат дека една од денес најбогатите писателки во светот некогаш одвај составувала крај со крај. Роулинг како самохрана мајка од очај започнала да пишува роман за Хари Потер, а после одбивањата од многумина издавачи, конечниот успех и понатамошните продолженија за малиот магионичар, направија Роулинг во 2004 да влезе во историјата како прва писателка која станала милијардер.

Теодор Сус Гајсел (Доктор Сус)

Пред да стане популарен, книгите на Сус биле одбиени од дури 27 издавачи. До денес се продадени во повеќе од 660 милиони примероци ширум светот.

Лејди Гага

Само три месеци после првобитниот успех, популарната музичка ѕвезда се соочи со рекорден пад на продадени албуми. Сепак, до денес освои шест Греми награди, а нејзиното богатство е проценето на 59 милиони долари.