Секој од нас е посебен на некаков начин

Еден популарен мотивациски говорник го започнал семинарот така што во неговата рака држел 1000 денари пред публика од 200 луѓе, кои се собрале околу него да го слушнат што има да каже.
Image result for motivational speakerТој прашал, “Кој би сакал да ја добие оваа пара од 1000 денари?”
Сите ги кренале своите раце…
Тој повторно рекол, “Ќе ја поклонам оваа 1000-ка на некому, но прво да го направам следното”.
Ја истуткал парата и повторно прашал, “Дали сеуште некој ја посакува оваа 1000ка?”
Повторно сите присутни ги кренале своите раце…
“А што ако го направам следното?”, тој возвратил, фрлајќи ја парата на подот и газејќи ја.
Ја кренал парата, целата била истуткана и валкана.
“Сега кој ја сака?”
Повторно сите присутни ги кренале своите раце…
“Пријатели мои, штотуку ве научив една многу битна лекција. Без разлика што и правев на парата во секој момент вие ја посакувавте бидејќи колку и да е валкана, истуткана итн. не ја губи вредноста. 1000 денари покрај сите овие работи повторно има вредност од 1000 денари.
Многу пати во нашиот живот се соочуваме со тешки моменти, кога мислиме дека се е безнадежно, се чуствуваме неспособни, правиме погрешни одлуки и уште многу други работи. Но, запамтете ја оваа лекција, без разлика низ кој тежок период имате поминато или ќе поминете… Не заборавајте, никогаш не можете да ја изгубите вашата вредност.
Секој од нас е посебен на некаков начин – Никогаш не го заборавајте тоа!!!”