Сигнали кои вашето тело ви ги испраќа кога сте под стрес

Телото секогаш има начин да стави до знаење дека некои работи во вашиот организам не се како што треба. Стресот не е состојба која се манифестира строго ментално, туку може да се изрази и физички.

Не е секогаш лесно да се заклучи дека сте под стрес, но неопходно е за да ги корегирате своите навики и рутина.
Сајтот Indy100 истакнува шест знаци на стрес врз основа на податоци собрани од здравствени организации.
1. Главоболка
Стресот е една од причините за главоболка, која е помалку опасна од мигрената бидејќи е возможно да биде излечена на вообичаен начин. Со намалувањето на стресот и стресните ситуации исто така се доведува до намалување на проблемот со главоболката.
2. Лош сон
Проблемите со сонот се втор показател дека се наоѓате под стрес. Постои блиска врска меѓу сонот и менталното здравје воопшто. За да имате помалку проблеми со несоница, дури и под стрес, важно е да воспоставите рамнотежа меѓу времето кога легнувате и кога се будите, правејќи слободен простор меѓу времето кога одите на спиење и користењето на телефони и компијутер.
3. Проблеми со кожата
Стресот може да се демонстрира преку појава на акни на кожата и псоријаза. Сувата и испукана кожа исто така може да биде последица на недоволно внесување на вода. Чувството на умор и претераното внесување на кофеин можат да доведат до дехидратација на кожата.
4. Тензија во мускулите и болки
Стресот предизвикува напнатост во мускулите, што може да доведе до бројни оштетувања. За да ги избегнете проблемите се препорачува јога, истегнување и вежби. Промените на навиките можат да придонесат и остранување на стресот и водење на здрав начин на живот.
5. Апетит
Губењето на апетит или зголемувањето на апетитот се едни од знаците дека сте под стрес. Стресот активира борба во телото што поттикнува на апетит и го зголемува нивото на кортизол и инсулин.
6. Сексуални проблеми
Стресот влијае на губењето на интерес за секс или прави да не уживате во него. Губењето на либидо често е поврзано со замор. Стресот може да биде индиректен фактор за еректилна дисфункција, но и доведува до зголемен крвен притисок и поголемо консумирање на алкохол. Најчести причини за проблеми во сексот се токму психичките.