Како се штедат 1.000 евра за три месеци со плата од 350 евра?

Белграѓанин на возраст од 31 година, кој работи во администрација на градежна фирма и зема плата од 42.000 динари односно околу 350 евра, за три месеци заштедил 1000 евра преку систем на три коверти.
Овој млад човек сака да остане анонимен и за српски „Блиц“ раскажува како му успева да заштеди.
Почнав да работам во септември. Платата ми е 42.000 динари, ја земам на рака во два дела – раскажува и вели дека заштедил благодарение на помошта од родителите.
Белграѓанинот вели дека со некои трикови за штедење може да се собере одредена сума на пари:
  • Вели дека штом ќе земе плата, купува евра и заборава на нив.
  • Пола од парите ги претворал во евра, ги ставал во коверт и не ги трошел.
  • Во друг коверт чува по 1000 до 2000 динари. Од тие пари зема за дневни потреби.
  • Кога се излегува од дома, вели дека не треба да се носат многу пари и да се има одредена дисциплина како се троши.
  • Советува да не се пушат цигари и тие пари кои се трошеле за цигари да се ставаат во коверт.
Image result for paycheckМладиот граѓанин од Белград раскажува дека ретко оди во кафулиња, а во ресторани руча неколку пати годишно.
Тој објаснува дека секое знаење треба да се претвори во пари, и затоа во слободно време држи часови по англиски јазик.
Од друга страна вели дека често оди на ручек кај родителите и на тој начин успева да ги намали своите расходи.