Стипса или домаќин??? Како ги трошите парите кажува многу за вас

Некои луѓе гледаат на парите само како на средство за живеење, други ги обожаваат, трети ги презираат. Каков е вашиот однос кон парите исто така кажува многу за вас како личност.

Расфрлач

Обожавате шопинг и трошење пари на себе и на другите. Не ви претставува проблем да го „одврзете ќесето“ или да ја покажете картичката на маса и да го почестите целото друштво. Вие гледате на парите како на средство што ви носи задоволство. Колку и да е тоа благородно, може да се јават два проблеми: да почнете да трошите повеќе отколку што заработувате или да станете „кредитната картичка во друштвото“, па да изгубите контакт ссо реалноста кои ви се вистински пријатели.

Стипса

Овие луѓе гледаат да заштедат на каков било начин. Внимаваат на секој денар што им излегува од џеб, претпазливи се со финансиите и секогаш имаат заштедено нешто за „црни денови“. Лошата страна е што на сметка на тоа малку уживате во животот и најверојатно им ускратувате на најблиските, и себе, работи и задоволства што ви се потребни.

Зависник

Парите за вас се игра. Од една страна не ви значат ништо, а од друга страна ги обожавате. Сакате ризици и секој ден е нова авантура. Може да ги вложите сите пари што ги имате во „сигурни акции“ и да јадете леб и сол во наредните шест месеци, ама тоа ве возбудува. Не велат залудно дека „кој ризикува, тој и добива“, но вложувајте онолку колку што можете да си дозволите.

Домаќин

Не ви е тешко да трошите пари како стипсата, ниту се расфрлате пари како тој другиот. Сепак, внимавате како и кога ги трошите парите: размислувате долго време што и од каде да купите и споредувате цени. Сакате сигурност, но не по цена на удобноста. Знаете добро да ги изменаџирате финансиите и важно ви е да имате свој личен таен фонд, независно од партнерот.

Идеалист

Овие луѓе сметаат дека парите се извор на цело зло и проблеми на светот. Идеалистите се креативни, а парите им се нужно зло за опстанок, а никако приоритет или цел во животот. Екстремните припадници на овој вид се одлучуваат за „исклучување од светот“ и живеат самоодржливо.