Зошто е многу важно испраќањето на Стивен Хокинг во вселената?

Иако му било кажано дека нема да го дочека својот 25-ти роденден, познатиот научник Стивен Хокинг, кој сега има 75 години, ќе биде испратен во вселената со вселенскиот брод на милијардерот Ричард Бренсон. Иако е во инвалидска количка и комуницира преку генератор за говор, Хокинг и понатаму придонесува за напредокот на науката на неверојатни начини.
Постигнатите успеси на Хокинг ги охрабруваат луѓето со хендикеп да ги следат своите соништа и да се обидуваат да придонесат во сите сфери на животот и покрај тешките околности. Иако физичките способности на Хокинг слабееле со текот на времето, сепак неговиот ум и интелект останал недопрен. Тоа што се овозможи начин преку кој Хокинг ќе комуницира со светот, е голем плус за научниот свет, бидејќи неговата брилијантност и понатаму му служи на човештвото.
Хокинг во неколку наврати истакнуваше дека патувањето низ вселената е важно за иднината и преживувањето на човечкиот вид, а како превентива од истребување е колонизирањето на другите планети. Еден од најголемите негови соништа од секогаш било да патува во вселената, па тоа во многу блиска иднина и ќе се оствари.
Тоа што тој ќе се упати во вселената е голем напредок не само заради неговото знаење, туку се испраќа и порака, дека тој е индивидуа како и сите други, а хендикепот не е карактеристиката која го дефинира како личност. Тој е одличен пример за тоа што може да постигне кога општеството работи заедно за напредок, за сите подеднакво.
Голем број компании во изминатите години напорно се обидуваат патувањето низ вселената да го претворат во реалност, што во иднина и ќе се случи. Инвестициите се вложуваат во развојот на вселенската технологија, со цел транспортот на луѓето на другите планети да биде возможен.
Тоа што Стивен Хокинг ќе биде испратен во вселената е важно за секој кој сонувал дека некогаш ќе стапне на друго тло и на друга планета. За сега, можноста ја имаат најчесто оние кои тоа можат да си го дозволат финансиски, но како што поминува времето се повеќе е веројатно дека за неколку векови, патувањето во вселената можеби ќе биде достапно за сите.