Што е тоа претприемач?

kakvo_e_predpriemach_coverЗборуваме за стартување на бизнис и претприемништво. Во Македонија и до ден денес разбирањето на многу луѓе за личноста која се крие зад зборот претприемач е мала. Прилично нормално, имајќи ја во предвид страста на медиумите да го истакнуваат точно овој дел од бизнисот, претприемништвото и луѓето кои стојат зад неа.
Вистинските претприемачи се визионери, иноватори, пронаоѓачи и луѓето со мотивација да ја променат нашата иднина кон подобро.
Поставувани прашања: Знаеме ли навистина што значи да си претприемач, што претставува тој, како мисли и делува? А што ли го мотивира? Што значи да даваш се од себе, за да најдеш подобро решение на даден проблем и да го направиш светот малку подобар?
Ајде да ги погледнеме официјалните дeфиниции од речници за зборот “претприемач“:
“Човек кој се зафаќа со работа која носи приход.”
“Претприемач е човек кој организира и управува претпријатие и особено бизнис, обично со значителна иницијатива и ризик.” ~ Дефиниција во онлајн речник
Како познати личности ги опишуваат претприемачите:
“Претприемачите се индивидуи кои ја користат пазарната можност преку техничка или организациска иновација.” ~ Јозеф Шумпетер (1883 – 1950.), Австриски економист и политиколог.
“Претприемништвото е извршување на дадена можност без оглед на контролираните средства во моментов.” ~ Хауард Стивенсон, професор на Harvard Business School.
“Претприемач е човек кој обично создава иновација, за да изгради нешто со призната вредност земајќи ги во предвид достапните можности.” ~ Д-р Бил Болтон и професор Џон Томпсон, консултанти.
“Многу тешка работа и многу постојани грижи, затоа треба да се сака она што го правите и да имате страст, инаку ќе паднете.” ~ Стив Џобс, Ко-основачот на Apple.

Новиот бран претприемништво.

Она во што јас верувам е дека претприемачите го менуваат утрешниот ден. Тоа се луѓе на сите возрасти, кои веруваат дека можат да направат нешто корисно за едно општество или веќе постоечки бизнис. Тие веруваат дека идејата, производот или услугата што ја имаат е различна и подобра од достапните во моментов.
Поставуваат цели и се спремни на сè, за да ги постигнат. Поминуваат низ секакви искушенија и тешкотии, инспирирани од големата желба за промена.
Претприемачите не се плашат да сонуваат. Тие знаат дека сите големи достигнувања почнуваат од една идеја, најнапред реализирана во нивните умови. Тие се подготвени да ги менуваат работите кои не им се допаѓаат, наместо да се жалат дека нешто не е како што треба.
“Најдобриот начин да ја предвидите иднината е да ја создадете.” ~ Питер Дракер, автор
Претприемачите веруваат во идејата, веруваат во промената и во подобра иднина на човештвото. Освен што веруваат тие дејствуваат! Го прават потребното за промена и не запираат пред ништо.
Бидете претприемачи и не се помирувајте со работите кои не ви се допаѓаат, менувајте ги, креирајте ја вашата иднината!