Што успешните луѓе имаат заедничко?

Луис Шиф, авторот и извршниот директор на „Inc.Business owners council“ на Конференцијата „Inc.5000“ зборуваше за неговото истражување и бизнис стратегиите на самоиницијативните основачи и сопственици низ земјата.

За време на неговиот говор, Шиф ги откри пронаоѓањата од истражувањето од 800 луѓе врз чија основа беше направена неговата книга „Business Briliant: Surprising Lessons from the Greatest Self Made Business Icons.“
Истражувањето ги подели учесниците во четири групи: средна класа (оние со нето вредност помалку од 1 милион долари), средна класа милионери (оние со нето вредност помеѓу 1 и 10 милиони долари), луѓе со висока нето вредност (помеѓу 10 и 30 милиони долари) и ултра висока нето вредност од поединци (со повеќе од 30 милиони евра). Повеќето сопственици на компаниите од „Inc.5000“ спаѓаат во групата на „средна класа на милионери“. Врз основа на овие пронаоѓања, Шиф ги идентификувал клучните карактеристики кои ги споделуваат најбогатите луѓе. Ова се три од нив.

Тие се грижат за деталите
Најуспешните луѓе во истражувањето на Шиф не се грижат само за доставувањето на производите на нивната компанија или пак услугите. „Доколку се уште сте вклучени во практиката на доставување на вашиот производ тогаш имате проблем со скалирањето на вашата компанија“, изјави Шиф. Се чини дека средната класа на милионери ја добиле оваа порака: 65% од испитаниците во оваа група изјавиле дека нивниот примарен извор на богатство доаѓа од бизнис капиталот.

Знаат луѓе кои знаат други луѓе
Како најбогатите луѓе ја прошируваат својата мрежа? Со тоа што знаат луѓе кои знаат други луѓе. 65% од средната класа на милионери одговориле дека ги знаат вистинските луѓе. Ова покажува дека таргетираната мрежа станува се поважна со растењето на вашата кариера, вели Шиф. „Познавањето на 5 луѓе кои знаат други 5 луѓе оди многу подалеку од „само“ 5.000 пријатели на „Линкдин“. Најуспешните сопственици на бизнис компании веруваат дека е важно да имаат врски надвор од сопствената зона“, вели тој. „Токму овие се луѓето кои некогаш може да ти притребаат“, додава тој.

Остануваат ултра-фокусирани
Просечно, истражувањето во кое беа вклучени средната класа на испитаници имаат по шест вештини. Од друга страна, онаа група која имала голема мрежа на луѓе имаат само две вештини. Тоа е така затоа што најуспешните луѓе се свесни за сопствените граници и сили и се фокусираат на она што се најдобри, вели Шиф. Всушност, 58% од средната класа на милионери изјавиле дека работат на вештини за кои сметаат дека им недостасуваат, додека пак од групата на милионери со висока нето вредност тоа го прават само 7%. Кога станува збор за најбогатите учесници никој од нив не рекол дека работат на подобрување на областите кои ги сметаат за слабост.