Стресот ги “ЈАДЕ” вработените

Колку пати можете да слушнете дека некој “прегорел” од работење? Адреналинскиот шок и “опивање” со кафе се првите стадиуми на стрес, а прва помош е да земете барем една недела одмор и да имате ноќен сон од по 10 часа.

Related image

Депресијата и “прегорувањето” од стресот се две сосема различни ситуации, напоменуваат психијатрите. Иако не постои специфично медицинско нарушување дефинирано како “изеден од стрес”, сите доктори се сложуваат дека стресот остава негативни последици.
Авторката на книгата “Уморен сум од тоа уморен” и психолог Џесе Лејн Хенли класифицира пет степени на “прегорување” од стрес.
Првиот степен е кога сте премногу забрзани и само ги нижите постигнувањата на работното место, а убедени сте и дека така ќе можете да издржите засекогаш.
Др.Хенли предупредува дека нема да можете постојано така и дека тоа значи дека сте во голем адреналински бран од кој е најдобро да излезете што побрзо.
Вториот степен е кога веќе чувствувате замор, но се обидувате истиот да го замаскирате со кафе и витамини.
Третиот степен е кога веќе малку сте изгубени, исцрпени сте, а не можете да спиете, ви се насобираат мисли и сите луѓе ве нервираат. Четвртиот стадиум др.Хенли го нарекува “удирање со глава во ѕид”.
Нагло губите или добивате на тежина, склони сте кон температура, имате нагли промени на расположението и напади за плачење. Тоа воедно е и воведот во крајниот, петти стадиум кој се нарекува “прегорување”.
Првиот чекор е да отидете на еднонеделен одмор
Нарушувањата од интезивниот стрес можат да се излечат. Психолозите предложуваат на самиот почеток човекот да застане и да се освести дека така понатаму не може.
Најдобро е да се земе еднонеделен одмор со кој на организмот ќе му се овозможи оддалечување од работната средина која што диктира стрес.
Здрава исхрана, а не одрекување од храна

Луѓето кои се борат со преголемиот стрес многу често се здебелуваат, а докторите сугерираат дека потребно е да се јаде постојано, но да се намалува количеството на внесена храна за да може организмот да има доволно енергија за да се одрбани од стресот.
Затоа, конзумирајте здрави намирници.
Потребен ви е сон од 10 часа

Сонот е многу важен фактор за заздравување кај оние кои што страдале од долготрајниот стрес. Шест часа сон е минималното време кое што луѓето би требало да го поминат во спиење, а оние кои што навлегле во петиот степен од “прегревањето”, ним им се потребни десет часа сон, советува др.Хенли.
Ако не можете да спиете, консултирајте се со својот доктор кој што ќе ви ја одреди терапијата.