Тајната за продуктивност што може да ја украдете од генијалците

Освен интелигенцијата, најголемите умови во историјата споделувале една друга карактеристика. Сите знаеме дека генијалците се интелигентни. Но, дали најголемите генијалци споделуваат некои квалитети кои ги немаат останатите луѓе? 
Според едно истражување, креативните генијалци како поетите, сликарите и познатите иноватори, се почесто слободоумни, толерираат хаос, неред и контрадикции. Но, кога се фокусирате на најголемите умови во науката наместо уметностите, ситуацијата е различна.

Џејмс Глејк е биограф, кој пишувал за луѓе како Исак Њутн и Ричард Фајнмен, меѓу останатите. Во едно видео за „Big think“ тој објаснува како генијалците се навидум различни, но имаат квалитети кои ги поврзуваат доколку ги анализирате подетално.

– Исак Њутн бил антисоцијален, мислам непријатен, жесток, се расправал со своите пријатели исто како и со своите непријатели. Ричард Фејнмен бил пријатен, смешен, одличен танчер, сакал жени – вели тој.

Но, доколку погледнете подлабоко, ќе видите барем една заедничка карактеристика, според него. Без фокус нема генијалност Што е она што ги поврзува најголемите умови? Накратко кажано, способноста за фокусирање. Глејк додава дека генијалците биле сами во главата кога станува збор за големите научни откритија.

Алан Тјуринг и Ада Бајрон се други генијалци за кои Глејк вели дека имале способност за концентрирање со поголем интензитет од останатите луѓе. „Inc.“ пишува дека Бил Гејтс е способен за фокусирање со речиси суперчовечки интензитет.

– За време на пишување код, тој некогаш помалку се приближуваше кон екранот сè додека неговиот нос не ја допре тастатурата. По исклучување на час или два, ги отвораше очите, погледнуваше во екранот, трепнуваше двапати и продолжуваше токму кадешто застанал – се потсетува Пол Ален, ко-основачот на „Microsoft“.