Тајната на успехот: ЗАБОРАВЕТЕ ГО ФАКУЛТЕТОТ

Ерик В. Холцкло е директор и основач на „Laddering works“, фирма за маркетинг стратегии при промоција на производ. Тој има радио-шоу кадешто зборува за успехот на претприемачите и дели совети за неговите идни колеги. На темата за факултетот, тој вели: „Заборавете го!“

Image result for graduation

„Неодамна зборував пред група студенти на технички факултет во Џорџија. Сите студенти имаат универзитетски дипломи, но како и многумина млади образовани Американци, тие се борат да пронајдат работа.
Ваквите групи многупати ме замолувале да им зборувам за она што е потребно да се поседува за да се најде работа и што значи да се биде претприемач. При подготовка на овие говори, внимателно размислувам за мојот претприемачки пат. Сфатив дека поседувањето или непоседувањето диплома не била тајната до мојот успех.
Битно е да се увидат доблестите на нашиот образовен систем. Претприемништвото и малите бизниси се патот кон економскиот просперитет. Ова го отвара прашањето: Дали претприемништвото може да се научи? Како резултат, ме прашуваат „како јас успеав?“
Со набљудување на мојот успех и оној на моите колеги можам да заклучам:
Факултетот не е само дипломата
Јас се запишав на факултетот „Северна Џорџија“ за да работам во ИБМ. Уште на самиот почеток започнав со практиканска работа и добив искуство кое ме служи и денес. Другите претприемачи ги искористиле своите факултетски години за да запознаат луѓе со кои ќе станат партнери. „Фејсбук“, „Мајкрософт“, „Редит“, „Вордпрес“ и „Јаху“ биле основани во студентски домови.
Треба да ги искористиме тие години како метод на наоѓање можности за започнување на кариерите.
Паузирајте една година
Имам ќерка тинејџерка која наскоро ќе биде подготвена за студирање. Нема да бидам несреќен доколку таа избере да паузира една година. Годината одмор помеѓу средното училиште и факултетот може да значи многу. Сум разговарал со многу претприемачи кои го направиле тоа и во таа година започнале да го ценат животот и културата и ја пронашле својата вистинска страст која резултирала во нивниот успех. Мноу претприемачи ја земаат оваа година за одмор во подоцнежните години.
Прескокнете ги магистерските студии
Премногу образование или искуство може да го убие Вашиот претприемачки дух. Знам многу луѓе чии последипломски студии ги чинеле нивната способност за преземање ризици. Доколку не можат да замислат бизнис идеја се плашат да скокнат. Јас преземам многу повеќе ризици отколку порано, но и добивам повеќе награди.