Техники за поттикнување мотивација кај вработените

Досегашните искуства во компаниите покажале дека никој не може да ги мотивира вработените да направат нешто без тоа сами да го посакаат. Затоа, она што компанијата може да го направи за своите вработени е да ги пронајде начините кои ќе ја разбудат нивната лична мотивација и внатрешен потенцијал.
Компаниите кои паметно вложуваат во развојот на своите ресурси, свесни се за големото значење на мотивираните вработени за успехот на компанијата. Тие користат микс од финансиски бенефиции кои ги нудат на своите вработени, но модерните теоретичари сметаат дека материјалните бенефиции немаат толку големо влијание на мотивацијата колку што има структурата на самото работно место.

Тие ги препорачуваат следните техники за подобрување на мотивацијата на вработените:

  • Почитувајте ја креативноста на вработените и вратете feedback на нивните идеи

Секој вработен сака да даде сугестија или мислење за работата. Неговото активно вклучување ќе му даде до знаење дека трудот се валоризира, а со тоа ќе се поттикне неговото учество во иднина за конструктивни решенија и предлози.

  • Поттикнувајте учења на нови вештини
Учењата на нови вештини преку ангажирање на вработените со посета на курсеви, обуки и семинари имаат повеќекратен ефект на вашите вработени, а со тоа се поттикнува мотивираноста со стекнување на нови искуства, социјализација со останатите вработени и колеги и стекнување на нови вештини кои во иднина ќе можат да ги применат
  • Препознајте ја и наградете ја соработката
Креативноста е интерактивен процес во кој учествува целиот ваш тим. Затоа, поттикнувајте, пофалете и наградете ја тимската работа бидејќи само најдобрите и најмотивираните тимови го даваат најдоброто од себе.