ТЕСТ: Дали сте задоволни од својата работа?

Вашето задоволство на работа зависи од многу фактори. Тука се емоциите, способностите, финансиските потреби и самата работа. За да дознаете дали Вашата работа е она вистинското или треба да се откажете од истата решете го следниот тест.

Доделете си по еден поен за секоја изјава со која ќе се согласите.
1. Имате позитивни коментари кога луѓето ќе Ве прашаат со што се занимавате и каква е Вашата работа.
2. Имате добри односи со колегите или барем сте научиле да се соочувате со нивните карактери.
3. Чувствувате дека сте уклучени во донесувањето на одлуките и дека Вашето мислење е важно.
4. Колегите имаат почит кон Вас иако имате помало искуство од нив.
5. Дури и тогаш кога не сте на работа размислувате за проектите и за нови идеи.
6. Сте успеале да постигнете рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
7. Честопати работите прекувремено затоа што се задлабочувате во работата и губите чувство за време.
8. Колегите често Ве прашуваат за совет.
9. Подготвени сте и возбудени за новите проекти на работа.
10. Вашиот надреден е ментор кој секогаш има добар совет и Ви овозможува напредување.
11. Имате позитивен став кон работата на компанијата и чувствувате дека навистина го давате својот придонес.
12. Иако би било убаво да имате малку повеќе пари, Вашата плата е праведно доделена.
13. Секојдневно правите нешто ново што Ви помага во кариерата.
14. Времето на работа го поминувате конструктивно и дури и доколку некогаш имате слободно време, подготвени сте за акција.
15. Имате чувство дека се занимавате со работа која одговара со Вашите способности, интереси и личноста.
16. Ве чека унапредување и имате позитивен став во врска со последната изјава.
17. Понекогаш има здодевни обврски кои треба да се завршат, во генерално, Вашите задачи Ве стимулираат.
18. Не сте премногу исцрпени на крајот на работниот ден.
19. Понекогаш има стресни ситуации, но генерално не чувствувате дека сте под стрес.
20. Секогаш сакате да направите повеќе и подобро.
21. Не Ви е проблем да направите работата да Ви биде интересна.
22. Не чувствувате дека сте заглавени на некоја положба, имате место за напредок.
23. Сте започнале да работите затоа што тоа навистина Ве интересирало, не поради пари или затоа што тоа се очекувало од Вас.
24. Стравот не е она што Ве држи на сегашното работно место.

Related imageРезултати:

0-5 поени: Вашето задоволство е многу мало или никакво. Можеби сте започнале кариера бидејќи сте биле мотивирани од платата или поради притисок. Се чувствувате потценето. Обидете се да пронајдете нови предизвици кои би предизвикале промена. Доколку проблемот е во односот со колегите, потрудете се да ги запознаете подобро. На крајот, запрашајте се дали Вашето незадоволство има врска со компанијата или со работата која ја извршувате и одлучете што треба да промените.
6-10 поени: Постои одредена доза задоволство, без разлика дали тоа е поради односот со колегите или поради самата работа. Сепак, имате многу теми за размислување: дали работата во таа компанија е навистина тоа што го сакате и каде сакате да се движи Вашата кариера? Можеби би требало да се активирате малку повеќе и да си поставите нови цели и предизвици.
11-15 поени: Генерално, Вие сте задоволни со Вашата работа иако чувствувате дека сте уморни и под стрес. Би сакале да можете да имате подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Токму на таа рамнотежа треба да работите за да бидете позадоволни од својата работа.
16-20 поени: Навистина сте задоволни од својата работа. Дури и кога разгледувате нови работни места, тоа е затоа што сакате да имате отворени можности и да ја утврдите насоката на кариерата.
20-24 поени: Честитo! Имате работа која е полна со предизвици, а за неа чувствувате дека Ве ценат. Кариерата и приватниот живот се во целосен баланс. Парите не се единствени кои Ве мотивираат. Страста е онаа која секое утро Ве подигнува на нозе.

КОЈ Е ВАШИОТ РЕЗУЛТАТ ?