Топ 10 најбогати бизнис фамилии во Македонија

Кои се најбогатите фамилии во Македонија. Нема официјални информации. Од оние податоци кои и се достапни на јавноста редакцијата на Македонска борба ја направи следната ранг листа, за која сепак не тврди дека е прецизна и точна.

ТОП 10 најбогати Македонски бизнисмени ранг-листа:

1. Минчо Јорданов и фамилијата

Најбогатиот човек во Македонија. Својата кариера ја започнал во 1992. година кога бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор.Компанијата е во мешовита соственост на Јорданов и еден украинец. Од 1994 година, тој е член на Бордот на директори и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз. Во 1997. година станува претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“.

Тој поседува 23.22 отсто акции во градежната компанија “Бетон“. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР.

Неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винаријата „Стоби“ во која има инвестирано 20 милиони евра. Јорданов има и кланица и повеќе од 4000 хектари земја.

2. Орце Камчев и фамилијата

Неговото богатење почна во времето на приватизацијата на Македонија спорт од неговиот татко. Се занимаваше долго со лон и извоз на текстил.

Од 2006 година наваму стануваат сопственици на многу компании во Македонија.

Работат со широк дијапазон од здравство до текстил и градба.

Ко-сопственик во болницата Систина, сопственик на Стопанска Банка Битола, ЗИК Пелагонија Битола, ко-сопственик во Лозар-Пелистерка и многу други компании.Преку ЗИК Пелагонија се има здобиено со управување на 10.000 хектари земја. Има и удел во медиумскиот сектор но од таму влечи мали профити.

Експанзијата продолжува со зголемено темпо па во следните 2 години е сосема сигурно дека ќе ја достигне големината на империјата на Минчо Јорданов.

3. Штерјо Наков и фамилијата

Наков е третиот најбогат бизнисмен во Македонија. Тој поседува шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели.

Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков кој има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“.

Моменталната вредност на акциите на Наков се проценува на 3.5 милиони евра.

Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании.

4. Свето Јаневски и фамилија

Јаневски е на четвртото место. Со купувањето на винаријата „Тиквеш“, а и како сопственик на многу фирми успеа неговиот капитал да се мери со десетици милони евра.

Неговата групација за овие 2 години кешира над 50 милони еур од продажби на компании и банка.

Вредноста на целата негов групација изнесува исто онолку колку и империјата на Орце Камчев. Поседува триесетина ресторани за брза храна Мекдоналдс во регионот од кои најбројни се тие во Бугарија.

5. Живко Мукаетов

Главен менаџер на „Алкалоид“ кој поседува околу 6.58 отсто од вкупно акции во компанијата. Сумата на вкупно акции кои ги има Мукаетов изнесува 6.7 милиони евра. Над 5 отсто од акциите во компанијата поседува и Билјана Јованова. Нејзините акции на берзата се проценети на околку 5 милиони евра

6. Душко Туџаров и фамилија

Туџаров е дел од групацијата „Реплек“ АД Скопје. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто. Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите. Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра.

7. Кристина Тодоровиќ и фамилија

Тодоровиќ е генерален директор на синџирите „Тинекс“ и дрогериите „Космо“. Се смета дека вредноста на акциите на „Тинекс“ е околу 80 милиони евра, кои се наменети за развој и проширување на бизнисот.

8. Шефки Идризи и фамилија

Идризи е еден од најбогатите тетовци. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско-услужна фирма. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готов малтер.

Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.

Фирмата на Идризи е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.

9. Сашо Давитковски и фамилија

Давитковски е прв човек на „Скопски пазар“. Тој поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ.

Заедно, Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

10. Коста Јанковски и фамилија

Бизнисмен кој  дел од неговите бизниси ги префрли во Црна Гора.

Важи за близок до лидерите на сите партии и од опозиција и власт.

Увозник на алкохолни и други пијалоци преку неколку компании. Го има ексклузивитетот за низа брендови во регионот. Се смета дека само во Македонија годишните профити му изнесуваат над 5 милони евра.