Топ 5 македонски компании кои нудат најголеми плати

Од ден на ден вработеноста во Македонија се зголемува, меѓутоа има одредени фирми кои се издвојуваат од останатите и кои се привлечни за нашите граѓани. Одлика на овие фирми е тоа што имаат понуда од поголеми плати и подобри услови во однос на останатите. Во оваа статија ќе разгледаме неколку од нив:


  • ЕВН Македонија

Image resultEВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN и за кратко време прерасна во силно етаблиран бренд. Најважна цел за EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Македонија.

Просечна плата: 29 000 денари.
Висока плата: 70 000+ денари.


  • МАКПЕТРОЛ АД

Related imageМакпетрол АД претставува најголема приватна компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во Република Македонија. Како лидер на македонскиот пазар скоро 70 години, располага со развиена мрежа од 124 ултра модерни бензински станици со нафтени производи со доволен капацитет. Нејзината основна дејност е трговија на мало и големо со нафта, нафтени деривати, природен гас и биодизел.

Управувањето на Макпетрол АД– Скопје е организирано според двостепен систем. Друштвото има Надзорен одбор, составен од четири членови и Управен одбор составен од осум членови.

Просечна плата: 25 000 денари.
Висока плата: 50 000+ денари.


  • АД ЕЛЕМ

Image result for елемЕЛЕМ е стожерот на електроенергетскиот систем, почетна, и главна алка во системот на производство – пренос – дистрибуција. ЕЛЕМ е производителот на енергенс наречен електрична енергија. ЕЛЕМ во моментов на домашниот пазар нуди три основни производи: активна енергија, реактивна енергија и системски услуги. Компанијата инвестира и верува дека производството од домашни ресурси е најисплатливо и долгорочно прифатливо за Македонија.

Просечна плата: 28 000 денари.
Висока плата: 60 000+ денари.


  • ЏОНСОН МЕТИ (Странска инвестиција)

Image result for џонсон метиБританската компанија „Џонсон Мети” е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето. „Џонсон Мети” има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 12,000 луѓе. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети”.

„Џонсон Мети” ја избра Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на „Џонсон Мети” во светот. Инвестицијата изнесува 80 милиони евра, а иницијалниот број на вработувања беше над 350.

Просечна плата: 22 000 денари.
Висока плата: 70 000+ денари.


  • АЛКАЛОИД АД Скопје

Image result for алкалоидАЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи. Алкалоид АД е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика и Билкарство; има две подружници во земјата како и 14 подружници и 4 претставништва надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, во Руската Федерација и САД).

Просечна плата: 25 000 денари.
Висока плата: 80 000+ денари.


trademark_black