Топ 5 подкаст емисии кои секој претприемач треба да ги следи

Image result for business podcastsКако што веќе сме споменале повеќе пати, стекнувањето на ново знаење и свест треба да бидат едни од приоритетните навики на секој претприемач. Новото знаење ни помага да се развиваме себе си, својот бизнис и нашите односи кон другите.


Постојат бројни извори и формати, кои можеме да ги користиме за да се здобиеме со знаење – книги, инфографики, видео клипови, статии, онлајн курсеви, семинари и слично.

Денес ќе го насочиме вниманието особено кон добивање на информации во аудио формат, поконкретно подкаст емисии и уште поконкретно ќе ви дадеме листа на нашите омилени подкасти кои напојуваат со знаење милиони луѓе гладни за напредок и претприемачки раст.

Звучи добро, нели?

Објавите од нашата листа се преполни со корисни совети и трикови за претприемачи. Ќе имате впечаток дека повеќето од епизодите во различните емисии всушност се интервјуа и разговори со веќе успешни претприемачи во одредена сфера а тоа се инвеститори, спортисти, професионалци и научници.

Да започнеме и видиме кои се нашите Топ 5 омилени подкаст емисии:

spi-artwork

Smart Passive Income(by Pat Flynn)

Пат Флин, од “The Smart Passive Income Blog”, ги споделува сите ваши онлајн бизнис и блогира стратегии, извори на приход и убиствени маркетинг трикови со кои значително ќе напредне вашиот онлајн бизнис или блог.

Автоматизирање, аутсорсинг, SEO, изградба на авторитет и доверба кај вашите клиенти, социјални мрежи – Facebook, Twitter, YouTube, подкасти, електронски книги, онлајн курсеви, афилиет маркетинг и се со цел да станувате сè подобри во вашиот онлајн бизнис .

ЛИНК ДО ПОДКАСТОТ Image result for web link


Tim Ferriss Show

timferrissshowart-300x300

Тим Ферис е претприемач и автор, најдобро познат по “The 4-Hour Workweek“, книга преведена на повеќе од 40 јазици.

Во неговото подкаст шоу тој ги деконструира вештините и знаењето на успешните луѓе од светско ниво во области како што се бизнис, инвестиции, шах, професионални спортови и други, за да ги открие инструментите, тактиките и триковите кои слушателите можат да ги користат.

ЛИНК ДО ПОДКАСТОТImage result for web link


The School of GreatnessImage result for school of greatness

Lewis Howes е автор, претприемач, поранешен професионален спортист кој поседува светски рекорд во американски фудбал.

Целта на подкастот “The School of Greatness” е да сподели инспиративни приказни директно од брилијантни бизнис умови, првокласни спортисти и влијателни личности на планетата.

ЛИНК ДО ПОДКАСТОТImage result for web link


Starting from Nothing(The Foundation)

starting-from-nothing

Секоја недела во “Starting from Nothing” успешни претприемачи ги споделуваат своите стратегии за тоа како го изградиле својот бизнис од апсолутна нула.

Без сребрени лажици и волшебни куршуми. Само напорна работа и користење на стратегии кои работат во ваша корист.

ЛИНК ДО КУРСОТImage result for web link


The Tropical MBA Podcast

tropical-MBA

Целта на “The Tropical MBA Podcast” е да ви каже за нераскажаните приказни на луѓето кои градат “микро-мултинационален” бизнис, додека патуваат околу светот.

Подкастот ги опфаќа темите: претприемништво, патување, интернационализација и лична слобода.

ЛИНК ДО ПОДКАСТОТImage result for web link